Десетици жртви во напад во Пакистан
10 јануари 2012Реклама
Во експлозија на бомба, која се случи на пазар, во северозападниот дел на Пакистан, загинаа 26, а повеќе од 60 луѓе се повредени. Експлозијата се случи во Џамруд, еден од главните градови на племенската зона Кибер, која се наоѓа во близина на границата со Авганистан. Пакистанските власти веруваат дека денешниот напад не бил самоубиствен, туку дека бомбата која експлодирала, била закопана во земја. Племенските зони на северозападот на Пакистан, долж границата со Авганистан се упориште на пакистанските талибани кои се поврзани со Ал Каеда и авганистанските талибани.
Автор: ЖА/дпа
Редактор:БГ